• Latest

21 јануари: Ослободителни пресуди, празни ветувања, лажни вести и валкана (пред)кампања

January 21, 2020

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

21 јануари: Ослободителни пресуди, празни ветувања, лажни вести и валкана (пред)кампања

January 21, 2020 17:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Ослободителни пресуди за петмина обвинети во случајот „Шпион“

Кривичниот суд во Скопје денеска им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во повторената постапка за случајот „Шпион“. Судот ги ослободи од обвинение Миќо Насковски за делата „измама“ и „уцена“, Марјан Маџовски за „уцена“, Горан Стојков и Цветан Дамјановски „за недозволено чување и поседување оружје“ и Ѓорги Хаџимицев за делото „послужување во службата“.

ТЕМА НА ДЕНОТ: Преспанскиот договор и лажните вести – носители на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение ја информира јавноста дека „доколку освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги коригира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија“. По сѐ изгледа, токму Преспанскиот договор ќе биде темата на предвремените парламентарни избори како носечки елемент на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, исто како што беше и за време на кампањата на претседателските избори.

За оваа најава на ВМРО-ДПМНЕ зборувавме и со Зоран Иванов.

Покрај Преспанскиот договор деновиве партијата преку медиумите блиски до неа повторно шири невистинити информации кои имаат за цел да создадат хистерија во јавноста. Овој пат на удар се активистите Јасмин Реџепи и Мерсиха Смаиловиќ кои според овие медиуми се терористи и антисемитисти. Токму поради ова Реџепи во изјава за ЦИВИЛ Медиа најави и тужба до новинарот Љупчо Златев.

БЛИЦ: Хистеријата се шири уште пред официјалниот почеток на кампањата

Маја Ивановска: Во моментов, Мицкоски и неговите медиумски писарчиња се во лов на терористички вештерки во редовите на СДСМ. Нема врска што луѓето не се ни од СДСМ, а уште помалку терористи.

(целиот коментар: ТУКА)

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Реџепи: Оркестрираниот напад со дезинформации од квази новинари е инспириран од исламофобија и ксенофобија

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

И денешниот ден помина во знакот на желба има ама никако да се договориме. Ако помисливте дека постои настан или тема за која власта и опозицијата не се „фатија за гуша“ ептен сте ја згрешиле.

Најпрво е Преспанскиот договор, кој очигледно ќе биде најжешката тема околу која ќе се кршат копјата во ова предизборие. Додека ВМРО-ДПМНЕ најавува поништување на Договорот, СДСМ постојано укажува на штетите кои може да ги нанесе ваквата постапка.

И денеска власта и опозицијата не успеаја да ги приближат своите ставови околу Законот за Јавно обвинителство. Сите се за, ама договор нема. Закон уште помалку…

Се скараа дури и за Законот за легализација на дивоградбите. Додека министерот Сугарески ја обвини опозицијата дека го кочи изгласувањето на предложеното законско решение, а ВМРО-ДПМНЕ пак со став дека Законот е продолжение на криминалното работење на СДСМ. Договор повторно нема.

Но, тоа не е се. Власта и опозицијата успеаја да се скараат и за работата на Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободните и правата на граѓанинот на која треба да биде разгледат заклучокот за Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО. Па така, пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ со денови ја опструира работата на Комисијата. Независната пратеничка Никица Корубин, пак, го претстави ставот на СДСМ дека точката на дневен ред воопшто не треба да биде поставена затоа што се работи за претставка од невладина организација за слободен пристап до информации од јавен карактер. Заклучок нема.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Крајно време е за чекор напред, порача Димитров од панел за Западен Балкан во Давос

Хрватска и Северна Македонија ги имаат прифатено европските вредности за неправење разлика меѓу етничките заедници

Врховниот суд ќе расправа за првите пресуди на СЈО

Деркоски: Граѓаните и сега можат да проверат дали се во Избирачкиот список

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ организира семинар за транспарентни и одговорни политички процеси кој ќе се одржи на 25 јануари во Гостивар, а е наменет за граѓанките и граѓаните од Полошкиот регион. Аплицирањето за учество на семинарот е во тек, а учеството е еден од предусловите за мониторирање на претстојните предвремени парламентарни избори.

СЛОБОДНА ЗОНА

Приказната за балканската преработка на отпадот што стигнува од Италија на Балканот е тема на денешната колумна на Сашо Орданоски со наслов „Ѓубрето е чисто, а и одамна фино мириса!“ во која тој ни сугерира дека „доколу се расчепкаат „бугарските врски“ на високиот ешалон на еднодецениската власт на Груевски, од таму би излегло толку разновидно „ѓубре“, тешко повеќе стотици милиони евра, што ни „Дрисла“ не би можела да го „обработи“ – под услов да добие дозвола да го увезе“.

Зоран Иванов, од корнер, пишува за претстојните парламентарни избори и општата недоверба на електоратот во колумната „Време за сите одговори е дванаесетти април“.

М. Ивановска
во соработка со: Дехран Муратов, Ангела Петровска, Сашо Орданоски и Зоран Иванов

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ