Зоран Иванов смета дека е неостварливо Мицкоски или кој било друг да го укине Преспанскиот договор или пак да промени ни запирка од истиот, ниту пред изборите, а уште помалку по изборите.
„Зад Преспанскиот договор застанаа 610 илјади македонски граѓани, Америка, Франција, Германија, целиот Брисел, ЕУ и Грција во тој компромис, така што никој ништо не може да промени. И да добие двотретинско мнозинство, треба бадентерово мнозинство да овозможи, што никогаш нема да може и мислам дека тоа луѓето го знаат“, вели Иванов.
Според Иванов, нечесно е да се собираат партиски поени или гласови благодарение на таа тема.
„Мислам дека од претседателот на најмоќната политичка партија во Македонија е нечесно сега да собира партиски поени или гласови на таа тема и самиот најдобро знае дека нема да го оствари и дека треба да престане да ги слуша советите веројатно на својот претседателски кандидат, професорката Силјановска“, додава Иванов.
Според него, нечесно е со таа тема да се излегува во кампања и дека на овој начин само ги лажат граѓаните и им гаат лажни илузии.
„Нечесно е да се излегува со таа тема во кампања и да се лажат граѓаните, да им се даваат лажни илузии, мислам дека е некоректно. Има теми од економија, социјала, образование, потребни реформи за администрација, здравствена заштита, итн итн, еден куп теми за кој може да се натпреваруваат со своите политички противници, да ја освојат власта, на граѓаните им треба сега поквалитетен живот, а тоа не може да се обезбеди ако главна тема во кампањата е Преспанскиот договор и враќање на некакви изузии и сеење магла“, додава Иванов.
Ангела Петровска
камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Биљана Јордановска