Ракетен напад беше извршен врз градот Часив Јар. Секој што дава такви наредби и ги извршува, дефинитивно ќе биде пронајден и ќе одговара.
Денеска цел ден добивам пријави од градот Часив Јар во регионот на Доњецк. Таму е во тек спасувачка операција по рускиот удар врз станбени згради. Уништени се две висококатници. Десетици луѓе се под урнатините. Шестмина беа спасени. На списокот на загинати има 15 имиња и, за жал, ова не е конечниот број, рече претседателот на Украина Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата.
„Тоа беше ракетен напад. И секој што дава наредби за такви напади, секој што ги извршува таргетирајќи ги нашите обични градови, станбени области, убива апсолутно намерно. По ваквите напади, убијците нема да можат да кажат дека нешто не знаеле или не разбрале… Сите оние кои го извршија ова гранатирање, други ракетни напади, сите оние кои ги погодија нашите градови со ракетна артилерија, како што е случајот со регионот Харков, Запорожје, Криви Рих, Сиверск и Вуледар во регионот Доњецк – сите тие ќе бидат пронајдени“, рече Зеленски.
Претседателот истакна дека нацистичките криминалци биле пронајдени и изведени пред лицето на правдата дури и кога имаат 90 или 100 години.
„Се разбира, не сакаме да чекаме толку долго. Но, го давам овој пример за да покажам дека казната е неизбежна за секој руски убиец. Апсолутно сите. Исто како и за нацистите. И не треба да очекуваат дека нивната држава ќе ги заштити. Русија ќе биде првата што ќе ги напушти кога ќе се променат политичките околности“, истакна Зеленски.
Тој подвлече дека украинските службеници за спроведување на законот правеле се што е потребно за да се евидентираат злосторствата на окупаторите и да се соберат докази од почетокот на оваа инвазија.
Нашите партнери од многу земји се вклучени во оваа работа. Рускиот терор одамна ја премина границата над која за многумина во цивилизираниот свет стана очигледно дека е прашање на глобална безбедност да се казни Русија, терористичка држава, за се што направи против Украина и меѓународниот правен поредок, рече Зеленски.
Претседателскиот распоред за следните недели вклучува токму такви преговори и апели кои ќе придонесат за враќање на правдата, за казнување на руските воени злосторници. Покрај тоа, оваа активност е насочена не само кон Европа и другите традиционални региони за работата на украинската дипломатија, исто така ќе направи се Латинска Америка, Азија и Африка да ја слушнат вистината за рускиот терор и на нашата земја.
Во изминатата недела многумина зборуваа за наводна „оперативна пауза“ во акциите на окупаторите во Донбас и во други делови на Украина. 34 воздушни напади на руски авиони во изминатиот ден е одговор на сите оние кои дојдоа до оваа „пауза“, посочи Зеленски.
Украинската армија цврсто се држи, одбивајќи напади во различни правци. Но, се разбира, треба уште многу да се направи за руските загуби навистина да предизвикаат таква пауза. Уште повеќе, не пауза пред нови офанзиви на окупаторите, туку пред нивното повлекување од нашата украинска земја, и зтоа претседателот е благодарен на сите наши борци кои го доближуваат овој пат.
Тоа е неизбежно, како и казната за окупаторите. Но, мора да се одржиме, мораме да се бориме заедно на сите фронтови сега – на политички, информатички и економски, без никаде да покажеме слабост. Оваа војна можеме да ја издржиме само заедно – апсолутно сите, секој Украинец, секоја Украинка, нагласи Зеленски.
Подготви.Д.Мишев