• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 16: единаесет медицински лица од кумановската болница позитивни на Ковид-19, притвор од 8 дена за штипските насилници, ММФ позитивно одговори на барањето на РСМ за одобрување на Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра…

April 3, 2020
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

(23:00) Вонредна состојба, ден 16: единаесет медицински лица од кумановската болница позитивни на Ковид-19, притвор од 8 дена за штипските насилници, ММФ позитивно одговори на барањето на РСМ за одобрување на Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра…

April 3, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денеска) до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година).

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

*

Судијата на претходна постапка во штипскиот Основен суд попладнево им изрече мерка притвор во рок од осум дена на двајцата  насилници од Штип, кои пред два месеца тепале и малтретирале девојка во станбена зграда. Судот повторно ќе одлучува наредната недела, откако обвинирелот ќе го достави обвинителниот предлог. Двајцата насилници веќе се во кумановскиот затвор.

*

Единаесет медицински лица од Кумановската болница се позитивни на коронавирусот. Еден позитивен на коронавирусот е и медицински техничар од Инфектината клиника. Две лица починале на Инфективната клиника, каде во моментов се хоспитализирани 67 пациенти, од кои 10 се со тешка клиничка слика, а останатите со средна и лесна. По два негативни резултати на тестови биле испратени дома тројца пациенти од Клиниката, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филиче.

*

Владата ја прифати информацијата на Комисијата за заразни болести која препорача сите вработени во здравствениот систем кои се од Куманово, а работат во други градови во државата, да се стават на располагање на болницата во Куманово.

Ќе се определат инфектолози од другите градови во регионот, Крива Паланка и Кратово, кои ќе бидат повлечени за да работат во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Здравствениот персонал што ќе биде ангажиран како дополнителен, ќе работи најмногу 14 дена, а потоа ќе биде заменет со нов тим според систем на ротација.

*

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на КОВИД-19. на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на КОВИД-19.

*

Според податоците најголемиот дел од контролите во периодот од овие 5 дена, вкупно 4.261 ги направил Државниот пазарен инспекторат. Од нив 823 се за замрзнатите цени на одредени производи, додека останатите 3.438 на трговски, услужни и угостителски објекти.

*

Жителите на Куманово се најдоа затечени од најновата мерка за забрана на движење од вечерва до понеделник. Пред супермаркетите, аптеките и продавниците низ градот се забележани редици граѓани, што предизвикаа реакции за краткиот рок на известување за мерката, и за присебност од страна на граѓаните, за да не се придонесе кон дополнително ширење на Ковид-19.

*

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вечерва на социјалните мрежи повика на смиреност, истакнувајќи дека тие што немаат можност да се снабдат ќе добијат асистенција овие два дена.

*

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.079.978 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 58.110, а оздравеле 227.668 луѓе.

*

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го повтори повикот за глобален прекин на огнот, повикувајќи ги сите страни во конфликтите низ светот да го остават оружјето и да им дозволат на земјите уништени од војни да се борат со пандемијата на коронавирусот.

*

ЦИВИЛ ја актуелизира иницијативата за укинување на сите привилегии на функционерите

Пандемијата на КОВИД-19 во светот предизвика сериозни импликации врз светската економија, а штетите допрва ќе се утврдуваат. Владата донесе сет економски мерки за ублажување на последиците по економијата. Една од мерките се однесува и на платите во администрацијата.

Во контекст на економските мерки според кои функционерите, именувани и избрани ќе добиваат минимален личен доход додека трае здравствената криза, сега е погоден момент да се потсетат јавноста и носителите на одлуки, на Иницијативата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите. Организацијата говори против привилегиите со години наназад, со низа сериозни предлози доставени до сега веќе распуштеното Собрание на Република Северна Македонија. Добро е да се потсетиме дека Иницијативата остана без одговор од Собранието.

Веднаш по претседателските избори во 2019 година, поттикнати од јавното обелоденување на привилегиите кои Ѓорѓе Иванов ќе ги ужива како поранешен претседател на државата, ЦИВИЛ излезе со соопштение за тоа дека е крајно време да се стави крај на расипништвото.

Привилегиите на Иванов беа само тригер за тоа што ЦИВИЛ со години наназад го истакнува во јавноста – дека привилегиите се огромни и неоправдани. Факт е дека огромни суми наши пари, од касата на државниот буџет, се трошат на привилегиите на поранешни и сегашни функционери.

Соопштението доби огромна поддршка од јавноста, за потоа да се формулира и промовира и Иницијативата на ЦИВИЛ со наслов #КрајЗаРасипништвото, на 14 мај 2019 година.

Три дена подоцна, на 17 мај, во пет минути до 12 часот, во присуство на голем број медиуми, активистки и активисти, ЦИВИЛ и официјално ги достави барањата до Собранието на Република Северна Македонија.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ