• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 53: Мерките остануваат на сила, избори – јуни, јули или кога 14 дена бројот на заболени би бил под 5% од бројот на тестирани…

May 11, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 53: Мерките остануваат на сила, избори – јуни, јули или кога 14 дена бројот на заболени би бил под 5% од бројот на тестирани…

May 11, 2020 22:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ПОЕНТИ Условот на ДУИ за одржување на изборите е на нив да присуствуваат набљудувачи на ОБСЕ. Тоа значи дека постои можност во Македонија никогаш да не се одржат избори и тие да останат на власт. Паметен предлог, нема што. – поентира Џевдет Хајредини

БАРАЊА Кумановскиот кризен штаб бара од Владата, во најитна постапка да донесе мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти, а на градоначалникот му препорачува да ги врати во функција сите служби во рамки на Општина Куманово, како и во јавните претпријатија за да се запази функционалноста на општината и потребите на граѓаните.

ИСТРАГА Заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска потврдила дека неколкумина стружани кои учествуваа во минатонеделниот верски обред во центарот на градот се повикани на разговор во полицијата.

РЕВИЗИЈА Државните ревизори бараат да се изедначат правилата при уплатата на членарината кај политичките партии бидејќи начинот на уплата сега е регулиран со интерни акти кои се разликуваат кај одделните партии, препорака во извештаите објавени по контролата на сметките за редовно работење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,  ДУИ и БЕСА.

МЕРКИ Сите мерки што се применуваат во моментов остануваат во сила и тие треба да се почитуваат. Комисијата за заразни болести и експертите не донесоа заклучок дека треба да се почне со укинување на полицискиот час и олабавување на другите рестриктивните мерки, вели заменикот министер за здравство Арменд Аслани.

ИЗБОРИ Дамјан Манчевски, потпредседател на СДСМ, смета дека се можни избори во јуни, но во врска со датумот нема ништо да направат спротивно на лекарските препораки, предлогот е 14 јуни, но ако има причина дека тогаш не е можно да се организираат избори, ќе се одлучи за друг датум.

„Реално, како партија на власт, ни одговараат избори што порано, но не прејудицираме кога да се одржат. Треба да се имаат сите аспекти предвид и евентуалниот втор пик во септември, па да се донесе вистинска одлука за терминот на одржувањето на изборите иако некои сакаат тоа да се случи во прозорецот меѓу двата пика“, изјавува вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, зборувајќи и од позиција на претставник на ДУИ.

Во однос на можноста за одржување избори, пак, заменик министерот за здравсто, Арбенд Аслани рече дека за оваа тема ќе има простор да се разговара кога 14 дена бројот на заболени би бил под пет проценти од бројот на тестирани.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, пак, рече дека Алијанса за Албанците на лидерска средба ќе оди со ставот, за доброто на граѓаните, изборите да се одржат на крајот на јули или на почетокот на август.

Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet28Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ