ОДЛУКИ Задолжувањето на ДИК да објави Роковник за продолжување на изборните дејствија ден по завршувањето на вонредната состојба е едно од спорните прашања за кои утре ќе одлучуваат уставните судии.
*
ИЗБОРИ Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во вечерашното гостување на емисијата „Топ тема“ изјави дека е незамисливо во текот на летото, на 40 степени, со маски да се гласа. Во однос на лидерската средба кај Пендаровски, Заев рече дека состанокот бил продуктивен и се надева дека на следното седнување на маса кај претседателот на државата ќе се утврди точен датум за избори.
*
ПРЕДЛОГ Електронското гласање на изборите, но и продолжување на часот за гласање на изборниот ден се добри за разгледување, доколку и опозицијата се согласи за тавиот начин на избори, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Телма.
Вонредната состојба беше воведена заради здравствената состојба и епидемијата на Ковид-19, но и поради економските импликации од коронакризата, со цел Владата да може да носи уредби со законска сила и да им помогне на граѓаните и на стопанството, додека немаме Парламент, истакна вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервјуто за ТВ Телма, во кое меѓу другото говореше и за можност за продолжување на вонредната состојба.
*
КООРДИНАЦИЈА Министерството за здравство информира дека започнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусот, а овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на КОВИД-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа, соопшти денеска Владата.
*
СРЕДБА Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска оствари видео средба со амбасадорката на Британија во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.
*
ЕКОНОМСКИ МЕРКИ Купување домашни производи, посета на домашни туристички капацитети, унапредување на ИТ секторот и земјоделството преку градење откупни пунктови, предвидува третиот пакет економски мерки кој го најави лидерот на владеачката СДСМ Зоран Заев за кои рече дека се димензионирани над 500 милиони евра помош за граѓаните.
*
СОСТАНОК Премиерот Оливер Спасовски денеска го одржа третиот состанок со членовите на Економскиот совет, експерти, гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, претставници на коморите, синдикални претставници.
Премиерот Спасовски, како што се наведува, истакна дека третиот сет мерки има за цел поддршка и на граѓаните и стопанството.
Ангела Патровска