• Latest
Фото: Влада

(23:00) вонредна состојба, ден 9: Преглед на случаи со КОВИД-19 во Скопје, пораки за членството во НАТО, дозволи за работниците за време на полициски час…

March 27, 2020
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) вонредна состојба, ден 9: Преглед на случаи со КОВИД-19 во Скопје, пораки за членството во НАТО, дозволи за работниците за време на полициски час…

March 27, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

На пошироката територија на Скопје заболени со корона вирус има пријавено во десет општини и тоа во Карпош – 27, во Гази Баба, Кисела Вода и Центар по 20,  Ѓорче Петров -11, Аеродром – 8, Сопиште – 7, Бутел – 4, Чаир – 3 и Илинден – 2, информираат од Институтот за јавно здравје.

*

Средства за заштита има доволно. Имавме доволно количина и на маски и на раквици и на заштитна опрема и ги имаме и сега. Факт е дека тие маски, таа заштитна опрема  мора да се употребува според правилата,  според алгоритмите коишто ние ги имаме, информираше вечерва премиерот Опивер Спасовски во интервју за Канал 5 телевизија, прашан за тоа дека се пишувало дека недостасува заштитна опрема.

*

Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, вечерва е организирано враќање во земјата на 169 македонски граѓани од Загреб.

*

НАТО командниот систем за управување со кризи – НИЦС, кој нашата земја целосно го имплементира во 2019 година, овозможува брзо и ефикасно координирање на активностите на сите институции во рамки на националниот одговор на кризата со Ковид-19. За потребите на јавноста, со информации и совети за корона вирусот во реално време достапна е и посебна веб страница.

*

Нека ни е честито. Денеска влеговме под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе во светот. Денешниов ден го чекавме речиси 30 години. Го чекавме, се надевавме, работевме и се жртвувавме. На моменти мислевме дека оваа цел ќе ни остане недостижна. Меѓутоа, покажавме дека кога сакаш, можеш и невозможното да го направиш достижно, порача Шекеринска.

*

Република Северна Македонија и официјално е новата, 30-та членка на НАТО. 27 март се запишува со златни букви во нашата историја. Ја остваривме првата од двете стратешки цели, објави на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски, по депонирањето на инструментот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

*

Ова е историски момент кој им припаѓа на сите граѓани на нашата земја и на плејадата политичари и визионери, кои макотрпно во текот на изминатите три децении работеа да се оствари идејата за побезбедна и попросперитетна татковина, изјави попладнево министерот за надворешни работи Никола Димиторв, откако нашата Амбасада во Вашингтон во Стејт Департментот го депонираше инструментот за пристапување кон НАТО, со што од денеска Северна Македонија и официјално стана 30-та членка на Алијансата.

*

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 30. седница на која како прва точка го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид-19, одржан на 27 март 2020 година.

*

Владата попладнево соопшти дека за време на полицискиот час што утре и задутре (сабота и недела) ќе почнува од 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот следното утро, производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа.

А. Петровска


ДНЕВНИК во 17 часот:

27 март, вонредна состојба, ден 9: Република Северна Македонија – членка на НАТО, нови 18 случи на корона вирус, лажните вести и говорот на омраза и нивната (не)казнивост…

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ