• Latest
Временска непогода, декември 2022, САД (фото извор: принтскрин од видео на Weather Channel)

Поларниот вортекс зафати голем дел од северната хемисфера. Што е поларен вотекс и што предизвикува?

December 23, 2022

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Поларниот вортекс зафати голем дел од северната хемисфера. Што е поларен вотекс и што предизвикува?

ПОЛАРЕН ВОРТЕКС и ДЛАБОКО ЗАМРЗНУВАЊЕ. Поларниот вортекс се спуштa кон Америка и Европа, предизвикувајќи брзо опаѓање на температурите во многу делови од северната хемисфера на планетата. Ова ќе биде историски студена зима. GreenCivil ги има деталите.

December 23, 2022 06:40
in ЗЕЛЕНИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ, ТОП 5
Временска непогода, декември 2022, САД (фото извор: принтскрин од видео на Weather Channel)

Временска непогода, декември 2022, САД (фото извор: принтскрин од видео на Weather Channel)

Share on FacebookShare on Twitter

Голем дел од Соединетите Американски Држави запаѓаат во климатска состојба што се нарекува „длабоко замрзнување“ (температури под нулата). Метеоролозите предвидуваат дека ова ќе биде најстудената зима во изминатите триесетина години. Во Денвер, Колорадо, температурата падна до минус 31 степен Целзус, најстудено време во изминатите 32 години.

Поларниот вортекс (вител) веќе се спушти кон средината на Соединетите Држави, внесувајќи ужасно студен арктички воздух и предизвикувајќи брзо опаѓање на температурите во многу делови од северноамериканскиот континент. „Длабокото замрзнување“ ќе биде придружено со голема снежна бура која се очекува да предизвика хаос во транспортните и комуникациските мрежи.

Розби модел на формирање на воздушната маса на Северниот Пол (фото извор: Encyclopedia Britannica)

Вортексот е едно големо ротирачко пространство од студен воздух што обично се движи над пределот на Арктикот, но повремено се префрла подолу, на југ.

Глобалната емисија на јаглерод диоксид ја заробува топлината, така што Арктикот се загрева речиси четири пати побрзо отколку другите делови на планетата. Тоа предизвикува топење на мразот.

Научниците водат остра дебата за низа основни прашања поврзани со климатските промени, а со тоа и за поларниот вортекс. Колку поместувањето на поларниот вортекс кон југ е последица од за забрзаното затоплување на Арктикот што, пак, е последица од глобалното затоплување? Каква улога, доколку ја има, играат климатските промени? И дали екстремните студови ќе стануваат уште потешки ако продолжи затоплувањето? На овие, како и на низа други прашања – сѐ уште нема конечни одговори.

За САД не се вообичаени студените бранови поврзани со поместувањето на вортексот. Така, во февруари 2021 година, кога студениот бран стигна далеку на југ од земјата и забразди длабоко во Тексас, температурите се намалија за дури 40 степени Целзиусови под вообичаеното и предизвика повеќе од 250 смртни случаи, како и големи штети на енергетската инфраструктура на сојузната држава.

„Посакувам да имав јасен одговор“, изјави за Њујорк Тајмс, Стив Ваврус, климатски научник од Универзитетот во Висконсин.

Поларниот вортекс се спушти длабоко кон европскиот континент и во текот на зимата 2021 година. Тој ја зафаќа и Европа и веќе ги покажа своите ефекти и во декември, 2022.

Прогноза за зимата 2022/23: Арктичка зима со обилни врнежи од снег

Поларен вортекс (NOAA.gov, US Department of Commerce)Обемот на снежни врнежи на северната хемисфера продолжува да расте многу повисоко од просекот, според ажурираните глобални проценки во декември, според Severe Weather. Во меѓувреме, зимската бура Елиот во Северна Америка е на пат нагло да го зголеми сегашниот обем на снежни наноси за околу еден милион квадратни километри.

Состојбата се менува од час во час. Метеоролозите предвидуваат уште поголемо невреме во текот на божиќните и новогодишните празници (The Weather Channel)

Веќе се откажани повеќе од 5.000 летови само од средата до петокот, 21-23 декември. Повеќе од 16.000 летови доцнеа.

Ефектот на снежната бура Елиот: Американските аеродроми под снежна покривка (принтскрин, Си-Ен-Би-Си)

Зимските прогнози за крајот на годината и почетокот на 2023-та велат ќе има големи врнежи на снег, и во Северна Америка и во Европа. Ширењето на арктичкиот студ, особено над Обединетото Кралство и Централна Европа во последните недели, забележа температури многу пониски од просечните.

Ажурираната прогноза за снег не дава простор за погрешни толкувања. Снежната површина ќе продолжи да расте во деновите пред Божиќ и по Нова Година.

Што точно значи „Поларен вортекс“?

Атмосферата на Земјата има неколку слоеви што ја окружуваат нашата планета. Најголем дел од климатската динамика на нашата планета се јавува во најниските два слоја, тропосферата и стратосферата над неа.

Слоеви од атмосферата на Земјата (фото извор: WorldAtlas.com)

Поларниот вотекс е огромна маса на ротирачки воздух на голема надморска височина која се јавува над регионот на Северниот Пол. Постојат два, еден на Арктикот, а другиот поларен вортекс е на Антарктикот, над Јужниот пол.

Поларниот вортекс, зима 2022/2023, Канада и САД.

Вортексот се зајакнува и станува многу постуден во зима, кога Северната хемисфера е навалена на страната спротивно од Сонцето. Во тој период од годината, малку или воопшто не стигнува сончева светлина до Арктикот за да го загрее.

Сателитска снимка од поларниот вортекс (NASA)

Ако гледате од вселената надолу кон Северниот пол, изгледа како воздухот да ротира спротивно од стрелките на часовникот. Вителот е опкружен со поларен млазен поток или појас на ветрови кои дуваат од запад кон исток околу планетата.

Температурни разлики.

Што се случува за време на „длабокото замрзнување“?

Во нормални услови, вортексот е стабилен и ограничен на Арктикот. Но неговата патека и обем може да се нарушат. Тоа е придружено со промени на млазниот поток, кој развива брановидна, змиска шема додека кружи околу земјината топка.

Понекогаш, вортексот се дели на неколку фрагменти кои се движат кон југ, некогаш и растегнати како гумени ленти. Температурите, пак, во атмосферата над Арктикот може да се зголемат, понекогаш драстично. Во исто време, студениот воздух на Арктикот се движи кон југ.

Временска прогноза за зимата 2022/2023: Историски студ.

Ако движењето е доволно брзо, температурите во областите изложени на масата на ладен воздух може да паднат за десетици степени во рок од неколку часа и може да останат екстремно ниски со денови или дури недели додека вортексот повторно не стане стабилен и додека „да се врати дома“, во регионот на Северниот Пол.

Различни научни толкувања

Некои експерти сугерираат дека наместо затоплувањето на Северниот Пол, постои можност и други природно променливи елементи на климата на Земјата да се причината за движењето на вортексот. Според Тед Шеферд, климатски научник од Универзитетот во Рединг во Англија, за овие појави може да се заслужни и температурните промени на површината во тропскиот дел од Тихиот Океан. Тој вели дека токму тие температурни промени може да предизвикаат промени на воздушните маси над Арктикот, што го нарушуваат млазниот тек и вортексот.

Национален центар за временска прогноза, САД.

Научниците со години водат дебата за улогата на затоплувањето на Арктикот во екстремните студени бранови. Не се работи за прашањето дали климатските промени се реални – на ова прашање е одговорено – туку какви видови ефекти имаат, колку се сериозни и дали ќе се влошат како што ќе продолжи затоплувањето.

Во меѓувреме, северниот дел од планетата веќе со денови е во фаза на длабоко замрзнување. Освен Северна Америка, тешка зима ги очекува и северните делови на Европа и Азија.

Подготви: Тимот на ЗеленЦивил (WWW.GREENCIVIL.MK)

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: длабоко замрзнувањеЕлиотЗеленЦивилклиматски промениполарен вортексСеверен полснежна бура
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ