• Latest

24 април, вонредна состојба, ден 37: Нов пакет бескаматни кредити за компаниите, пристигнаа првите 12 респиратори донација од ЕУ…

April 24, 2020

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, говор по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025
Фото: МИА архива

Министерство за здравство воведува електронски модул за транспарентен преглед на донации во здравството

August 23, 2025
Фотографија: Скриншот од видео на НБС

Поранешната соработничка на Епштајн, Гислен Максвел: Нема таен клиентски список, Трамп и Епштајн не беа блиски пријатели

August 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните сили и во Чикаго и Њујорк

August 23, 2025

Започна јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 април, вонредна состојба, ден 37: Нов пакет бескаматни кредити за компаниите, пристигнаа првите 12 респиратори донација од ЕУ…

April 24, 2020 17:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Од среда нов пакет бескаматни кредити за компаниите преку Развојната банка

Вториот пакет бескаматни кредити преку Развојната банка наречен „Ковид 2“ веќе од среда ќе им биде достапен на микро, малите и средните компании погодени од кризата предизвикана од коронавирусот.

Овој пакет е пообемен и нема ограничување на дејностите кои може да аплицираат. Еден од условите е компаниите да имаат пад на приходите од 30 проценти. Минималниот износ за кој може компаниите да аплицираат е 3.000 евра, а максималниот износ 90.000 евра. Кредитите се бескаматни, рокот на отплата е до три години со грејс период од 12 месеци. На нула се сведени и трошоците кон Развојната банка.

Средствата во висина од осум милиони евра се обезбедени преку компензациониот фонд на Јапонија.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, ова е значајна финансиска инекција за микро, малите и средните претпријатија со цел да се сочува ликвидноста на компаниите и да се заштитат работните места.

„Линијата „Ковид 2“ нуди поголема сума за бескаматни кредити од линијата Ковид 1, но и поголем износ на поединечни кредити, и она што е важно е дека ги опфаќа сите дејности погодени од кризата. Има олеснети услови и олеснет начин за аплицирање“, рече Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата.

Аплицирањето ќе биде електронски, а документацијата за „Ковид 2“ е речиси иста како и за првиот пакет „Ковид 1“. Во соработка со Ценралниот регистар договорено е потребните документи од оваа институција да се издаваат бесплатно.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Ќе придонесеме и со 160 милиони евра во буџетот на државата за да се решат фискалните проблеми и земјата да може да обезбедува плати, субвенции и социјална помош во иднина. Денеска е убав ден, во кој ЕУ ви покажува дека е со вас и е вашиот најсилен партнер во борбата со оваа болест“, порача евроамбасадорот Самоил Жбогар, при врачување на првите 12 машини за асистирано дишење – респиратори и лична заштитна опрема,  кои денеска, како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби за земјава, пристигна во Министерството за здравство.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 37

Министерот за здравство Венко Филипче информираше за 36 излекувани пациенти, од кои 2 од болничко лекување и 34 лекувани во домашни услови, и за 26 нови случаи позитивни на КОВИД-19, по градови: Скопје 11, Куманово 2,Тетово 3, Струга 6, Битола 1, Гостивар 1, Виница 1 и Неготино 1.

На Инфективната клиника во Скопје починал пациент на 80 годишна возраст, кој бил лекуван од 21 април.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во земјава изнесува 1.326 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 408 теста, а досега во земјата се направени вкупно 14.057 тестирања на КОВИД-19.

*

Вонредниот инспекциски надзор за утврдување дали има прекршување на протоколите околу средбата на владините претставници и локалните власти во Куманово е завршен на 18 април и констатирани се одредени недостатоци.

Ова денеска го истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова – Бухова. Таа во име на ДСЗИ апелираше сите задолжително да се придржуваат кон препораките на Комисијата за заразни болести – да носат лична заштитна опрема и да држат дистанца.

*

Во Дебар веќе деветти ден нема нови случаи на КОВИД-19, со што бројката на заразени останува 51 лице.

„Официјалните податоци потврдуваат дека во Дебар и во последното деноноќие нема новозаразени со КОВИД-19. Тоа значи дека вкупната бројка на заразени останува 51 лице. Од нив, 45 се целосно оздравени, додека уште две лица кои се на домашно лекување по два дена треба да се ретестираат. За жал, четворица починаа. Во самоизолација се 41 лице“, рече денеска на прес-конференција градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери сè уште не се изјасни за барањето за итна седница на која, како што предложија триесет и петмина пратеници кои се потпишаа на иницијативата на СДСМ, би требало да бидат потврдени двете одлуки на претседателот на државата Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба поради КОВИД-19. Џафери, според Деловникот и законите, нема рок ниту обврска да одговори на ова барање.

*

Министерката за финансии Нина Ангеловска напомена дека актуелната ситуација сериозно, но и реално се согледува. Затворање на одредени работни места се очекува, но и се презема се за тој ефект да биде минимизиран.

„Најновите податоци во овој момент ги немам, но Агенцијата за вработување ги има и може да ги сподели. Важно е дека ако сме одјавиле 20.000 лица, а биле пријавени 16.000, се работи за нето ефект кој треба да биде погледнат од пријавени и одјавени лица“, рече Ангеловска.

*

Протоколот за лекување на КОВИД позитивни лица, кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) се ставени на домашно лекување, е јасен и прецизен. Не може да се прекине постапката се до извршување на решението. Значи, лицето кое има добиено решение од ДСЗИ за домашно лекување останува на домашно лекување до истек на 14-тиот ден односно тогаш ќе почне процесот на тестирање и докажување на негативен или позитивен резултат, истакна денеска директорката на ДСЗИ, Иринка Бухова – Сотирова.

*

Поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот, констатирал Државниот инспекторат за труд во рамки на своите инспекциски надзори.

„Државниот трудов инспекторат во насока на заштита на работничите права реализираше вкупно 3.236 инспекциски надзори при што се донесени 42 решенија и 152 укажувања за работодавачите кои не ги почитувале препораките на Владата“, информира на денешната прес-конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Немањето емпатија во политиката скапо се плаќа. Можеби тоа не може прецизно да се измери во предизборни анкети, но тоа чувство е „црв“ што копа во најдлабоката потсвест кај луѓето. Останува таа несвесна импресија за тоа кој се трудел, кој ризикувал, кој работел (па и грешел!), а кој постојано мрчел, лажел, ширел омраза и бил арогантен и, патем, ништо никому лично ниту донирал, ниту помогнал, ниту споделил. На крајот, фирмата од Братучедот мораше да им ја спасува честа“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Има една добра и една лоша вест…“

Џабир Дерала во денешната колумна „Лекот е откриен, терапијата е позната“ пишува: „Можеби е лесно да се препознаат лажните вести и говорот на омразата, но тешко е да се искоренат. Како вошки. Нивната најголема лага е дека се патриоти, а потоа следат сите останати лаги, спакувани во кампањи со украдени идеи, платени со украдени пари“.

Дехран Муратов

Во соработка со Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ