ВЕСТ НА ДЕНОТ
Премиерот Димитар Ковачевски заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски денеска присуствуваше на презентација на првата странска инвестиција во 2024 година во ТИРЗ, на мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА.
„Оваа компанија која е рангирана како компанија лидер во оутсоурсинг дејноста во светски рамки за само една година постоење во земјава веќе има вработено 30 луѓе и има амбиции да се проширува. За поздравување е тоа што компанијата планира да отвори деловен простор од 6.000 квадратни метри во ТИРЗ Скопје 1, каде во наредните 5 години е планирано да се вработат над 850 млади луѓе, а до крајот на инвестицискиот период само за плати се предвидени над 15 милиони евра годишно“, изјави Ковачевски.
На прес-конференцијата се посочи дека за да добие државна поддршка компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1 000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3 250 евра по вработен.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Јас не гледам дека има потреба да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде средба која ќе се случи во јавен простор – дали во Клуб на пратеници, во Собрание, на улица „Македонија“ во некој кафиќ. Ќе видиме кога ќе договориме средба. Ние имаме комуникација на партиско ниво. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со заменичка-претседателка на СДСМ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски дека тој нема да прифати никакви тајни средби со него.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Во најновото „креативно остварување“ на руските пропагандисти, на социјалните мрежи кружи дипфејк видео од лажен ТикТок профил на кое украинскиот претседател Володимир Зеленски е прикажан како во непознат локал изведува ориентален танц облечен во костим на танчар, со коментар на руски јазик: Вова (скратено од Володимир) талентиран човек.
*
Претседавачот на ОБСЕ, министерот за надворешни и европски прашања и трговија на Малта Јан Борг и генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Марија Шмид ги осудија масовните воздушни напади на Русија врз украинските градови во заедничката изјава на лидерите на ОБСЕ е објавена на веб-страницата на организацијата
*
Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, изјави дека Русија, која прибегнува кон масовно гранатирање на цивилното население и цивилната инфраструктура во Украина, ќе биде одговорна за овие воени злосторства.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРАВДА Судскиот совет не дал никакви образложени причини поради кои ја разрешил од функција поранешната претседателка Весна Дамева, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на Одлуката за нејзиното разрешување, стои во пресудата од Управен суд.
ЧЕБРЕН Заклучно со 31 декември не пристигна одлука за продолжување на договорот за Чебрен. МЖСПП ќе ја извести Владата дека тендерот пропадна, информира ресорниот министер Каја Шукова.
КОНФЛИКТИ
Влијателниот американски сенатор Берни Сандерс го повтори својот повик до Конгресот да ја блокира предложената воена помош од повеќе милијарди долари за Израел и ја осуди израелската воена кампања во Појасот Газа како „незаконска, неморална, брутална и крајно непропорционална војна на Нетанјаху против палестинскиот народ“.
ИНТЕРВЈУ
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Дезинформација е дека се казнети „тигрите“ кои го приведоа внукот на Али Ахмети
Партиски бот на ВМРО-ДПМНЕ, извесен Мишко на социјалната мрежа Х објави дезинформација дека полицајците кои го фатија Дрин Ахмети, вукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со пиротехнички средства добиле прекоманда како казна…
Подготви: Б. Јордановска












