ВЕСТ НА ДЕНОТ
Чешлање на МВР и СОЗР
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција врши претреси на локации во Скопје за обезбедување докази за кривични дела проневера во службата и несовесно работење во Службата за општи и заеднички работи – СОЗР. Истовремено полициска акција се спроведува во врска со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Еврокомесарката Кос: Србија да ги истражи инцидентите против учесниците на протестот
Постојат сведоштва за инциденти против демонстрантите. Очекуваме целосна, непристрасна и брза истрага. Насилството не треба да се толерира. Очекуваме српската полиција да продолжи да ја обезбедува безбедноста на демонстрантите. Јазикот што поттикнува насилство и недостаток на меѓусебно почитување не може да биде решение“, изјави еврокомесарката Марта Кос во отвореното писмо објавено на веб-страницата на Европската комисија.
РЕГИОН
Во Белград денеска протестираат работниците на Градското јавно претпријатие со поддршка од студентите, Здружението на педијатри и други
Блокадите продолжуваат и денеска, а како што претходно беше најавено, денеска пензионерите ќе протестираат во Трг Република. Работниците на ГСП ( Градско сообраќајно претпријатие) одржуваат предупредувачки протест, а доколку не им се исполнат барањата ќе штрајкуваат. Поддршка за просветните работници ќе биде изразена пред Министерството за образование, а студентите најавија дека ќе бидат и на сите овие протести.
СВЕТ
Трамп вели дека САД „ќе ја преземат“ Газа и ќе ја претворат во „ривиера на Блискиот Исток“, а Палестинците треба да ја напуштат
На прес-конференцијата во Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Доналд Трамп рече: „САД ќе го преземат Појасот Газа, а ние исто така ќе завршиме работа со него. Ние ќе го поседуваме“. Тој вели дека Палестинците би можеле да бидат преселени подалеку од Газа, „во области каде што лидерите во моментов велат не“. Нетанјаху изјави дека планот на Трамп е идеја „на која вреди да се обрне внимание“
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Каква иднина им обезбедува државата на младите луѓе?
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот: Пактот Рама-Мелони „станува“ закон; И граѓаните на Косово ќе ги бојкотираат маркетите; Косовската полиција заплени оружје и муниција во Митровица
Одбрана на демократијата и човековите права
БЕСКОМПРОМИСНА ПОСВЕТЕНОСТ НА ДЕМОКРАТИЈАТА – Путин ќе падне, но мора да падне и путинизмот
СТАВОВИ
„Протестите за убиството на Фросина Кулакова се последна надеж дека партизираните институции на системот конечно ќе почнат да ја работат својата работа. Револтот на илјадници луѓе кои излегоа на скопските улици не се само поради неказнивоста и пропустите во судскиот систем, иако политиката го дава тој предзнак, туку многу повеќе за цела низа зарибани надлежни институции, поточно на целиот институционелн систем на Македонија. Има милион закони во државата кои се штанцаат секој ден во Собранието и стојат како мртво слово на хартија. Време е да се применуваат“, став на Ерол Ризаов во „Убиствата на булеварот на смртта“.
Подготви: Б. Јордановска