• Latest

24 ЧАСА: Четири години членство во НАТО; Северна Македонија е еднаква со сите земји членки; Украина ги собори сите 12 руски беспилотни летала

March 26, 2024

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

May 20, 2025

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Фото: Херсонська обласна прокуратура

Во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден загина 1 цивил, повредени 13; бројот на повредени во Херсон се искачи на 10

May 20, 2025
Фото: Влада на РСМ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Новиот про – ЕУ претседател на Романија ја враќа надежта кај граѓаните, следува соочување со предизвиците – формирање влада, борба со корупцијата, инфлацијата, буџетскиот дефицит

May 20, 2025

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Четири години членство во НАТО; Северна Македонија е еднаква со сите земји членки; Украина ги собори сите 12 руски беспилотни летала

March 26, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Четири години членство во НАТО

Република Северна Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата на 27 март 2020-та, 27 години откако Собранието во 1993 едногласно усвои Резолуција во која се дефинирани надворешно-политичките приоритети на земјата – членството во НАТО и во Европската Унија.

На 15 ноември 1995 година, Македонија  го потпиша Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир, на 14 јуни 1996 година беше отворена Канцеларија за врски, а при крајот на 1997 година и Постојаната мисија во седиштето на НАТО во Брисел.

Во април 1999 година, на Самитот на НАТО во Вашингтон, Република Македонија стекна статус на земја кандидат за членство во Алијансата, по што се отпочна со подготовка и реализација на Акцискиот план за членство.

Поканата за членство се очекуваше на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Неа тогаш ја добија  Хрватска и Албанија, но во финалната Декларација од тој самит, Алијансата донесе одлука дека земјата треба да добие покана за членство откако ќе го реши спорот за името со Грција.

На 25 декември 2017 Собранието донесе декларација за забрзување на реформските и интеграциските процеси за зачленување во НАТО.

По повод четири години од членството на Северна Македонија во НАТО, Владата одржа свечена седница со која претседаваше  техничкиот премиер Талат Џафери.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Веќе четири години не сме тема на масата како балканска земја на која треба да и се помогне, туку сме еднакви со сите земји-членки и заедно одлучуваме

„Ние веќе четири години не сме тема на масата како балканска земја на која треба да и се помогне, туку сме еднакви со сите земји-членки и заедно одлучуваме. Северна Македонија од земја на која меѓународата заедница и помагаше да го задржи мирот, сега е земја која активно придонесува за регионалната безбедбност. И не може да стане збор за нарушување на нашата безбедност од било чија страна, бидејќи во тој случај зад себе денес веќе имаме сојуз од 32 држави“, изјави  министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена седница на Владата по повод годишнината од членството во НАТО.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДОНАЦИЈА Норвешка испрати 76 воени возила за Северна Македонија. Вкупно 40 камиони и 36 лесни пешадиски возила се натоварени вчера од пристаништето Оркангер и со брод ќе бидат транспортирани до Солун, информираат од Норвешката амбасада.

27 АПРИЛ Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ денеска е одложено за 30 април годинава.

Судијата Илија Трпков, на почетокот на денешното рочиште информира дека членот на Судечкиот совет, судијката Дијана Груевска е службено отсутна и судењето се одложува за 30 април.

Последната пленарна седница на овој парламентарен состав ќе се одржи на 28 март. На дневен ред на оваа пленарна седница закажана за во 11 часот се пет точки.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина била вмешана во терористичкиот напад во предградијата на Москва. За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека „Путин сите освен себе ги смета за терористи“.
  • Украина ги собори сите 12 јуришни беспилотни летала лансирани ноќеска од Русија, соопштија украинските Воздухопловни сили, цитирани од британските медиуми.

КОНФЛИКТИ

  • Израел нема да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа и ќе продолжи да се бори додека не го уништи Хамас и не ги врати сите заложници кои ги држи таа палестинска милитантна група, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.
  • Шефот на американската дипломатија, Антони Блинкен, на вчерашната средба со израелскиот министер за одбрана Јоав галант изјави дека САД се противат на офанзивата во Рафа.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот

Албански медиуми: Западот не го дозволи рускиот предлог за дискусија во ОН за кампањата на НАТО против Југославија; Нема напредок во дијалогот за српскиот динар во Косово

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Претседателските кандидати ги добија броевите на избирачкото ливче; се раскинуваат стари, се формираат нови изборни коалиции

Изминатиот викенд, и веќе на почетокот на работната недела, се интензивираат активностите во однос на подготовките за претседателски избори, како и на парламентарните. Претседателските кандидати, со добивање на редните броеви во избирачките ливчиња, се практично пред официјалната предизборна кампања, која треба да започне на 4 април.

Дел од партиите што ќе учествуваат во парламентарните избори на 8 мај, почнаа со претставување на своите програмите. Се формираат нови, а се раскинуваат постоечки коалиции, со што постепено се добива конечниот облик на фронтот на изборната трка.

АНАЛИЗА 

Со објавувањето видеа од тортурата, властите ја испраќаат оваа порака на заплашување до сите што не се на страната на Кремљ, и испраќаат многу охрабрувачка порака до војската и безбедносните служби дека се на иста страна.

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат призна дека „радикалните исламисти“ го извршиле нападот на концертната сала во близина на Москва, истовремено инсистирајќи дека Украина сè уште можела да има улога – во анализата „Јавното објавување на претепаните осомничени терористи покажува до кој степен руското општество е милитаризирано и толерантно кон насилство“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„80 години подоцна, Путин „дебело“ ќе го надмине Хитлер според времето на реакција на еден круцијален настан со далекусежни последици. На Путин му требаа неверојатни 19 часа за да и се обрати на нацијата по терористичкиот напад во концертната сала во Москва, а кога конечно го стори тоа, воопшто не ги спомна ИСИС, кои во меѓувреме ја презедоа одговорноста за нападот, убеден дека зад нападот стои Украина.“, пишува Драган Мишев во блиц колумната „Путин го надмина Хитлер според „брзината“ на реагирање“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ