Храброст, посветеност и професионалност, ни овозможија денеска на оваа свечена саедница на владата да одбелжиме четиригодишнина од настанот кој e најголемата инбвестиција во безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашата држава – членстото во НАТО, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена седница на Владата по повод годишнината од членството во НАТО.
-Со еден збор, храбрите државнички одлуки кои ни овозможија на 27 март 2020 да постигнеме една од двете стратешки цели од нашето осамостојување до денес, се инвестиција во идината на нашите граѓани и нашата држава, рече Петровска.
Петровска се осврна на придобивките од членството во НАТО, како што рече, првата клучна придобивка е тоа што со членството во Алијансата никогаш повеќе не може да стане збор дали нашиот суверенитет, интегритет и безбедноста на граѓаните можат да бидат загрозени.
-За една држава, која има нешто повеќе од три децении независност и се наоѓа на Балканот, членството во НАТО значи огромна потврда на нејзината позиција на меѓународен план и голем успех. Безбедноста е на прво место, но безбедноста и стабилноста гарантираат и инвестиции и подобра економска состојба во државата, рече Петровска.
Затоа, додаде министерката, членството во Алијансата беше стратешка цел на држвата од првиот момент на нејзиното осамостојување и треба да бидеме горди што денес е реалност.
-Ние веќе четири години не сме тема на масата како балканска земја на која треба да и се помогне, туку сме еднакви со сите земји-членки и заедно одлучуваме. Северна Македонија од земја на која меѓународата заедница и помагаше да го задржи мирот, сега е земја која активно придонесува за регионалната безбедбност. И не може да стане збор за нарушување на нашата безбедност од било чија страна, бидејќи во тој случај зад себе денес веќе имаме сојуз од 32 држави, заклучи Петровска. / МИА