• Latest

24 ЧАСА: Дводневен Самит на ЕУ во Будимпешта; Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, децидна Кос; македонскиот јазик во наставната програма во Тирана

November 7, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Дводневен Самит на ЕУ во Будимпешта; Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, децидна Кос; македонскиот јазик во наставната програма во Тирана

November 7, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Дводневен Самит на ЕУ во Будимпешта

Случувањата во Украина и на Блискиот Исток ќе бидат главни теми на денешниот петти Самит на Европската политичка заедница во Будимпешта, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски.

На собирот, чиј домаќин е унгарскиот премиер Виктор Орбан, е најавено учество на 47 шефови на држави или влади од Европа, како и на делегација на ЕУ, што ќе ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Марта Кос: Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку

„Исполнувањето на обврските е многу важно. Кога зборувам за билатерилизација на можни спорови меѓу земји членки и земји кандидатки, интересот на земјите членки секако дека доаѓа прв. Она што јас го гледам, а тоа ќе биде моја работа ако бидам потврдена за еврокомесарка, јас и моите колеги ќе направиме се што можеме за да не увезуваме билатерални прашања во процесот на проширување. Но, имаме ситуација како во вашата земја кога сево ова е дел… Штом го имаме процесот на преговори имаме на располагање повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидатки, но и на земјите членки да постигнат решение. Нема друг начин. Не можам да поставам датум колку долго ќе трае тој развој, но недоразбирањата треба да ги надминеме врз основа на нашите вредности“, истакна кандидатката за комесар за проширување на ЕУ Марта Кос.

РЕГИОН

Македонскиот јазик во наставната програма на Факултетот за странски јазици во Тирана

Предметот македонски јазик влегува во редовната наставна програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана. Целта на наставната програма на овие постдипломски студии е создавање на висококвалификувани кадри кои со својот космополитски и полиглотски поглед на светот, ќе ги разбиваат јазичните бариери и ќе создаваат нови мостови меѓу културите преку туризмот.

СВЕТ

Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп

Белата куќа планира да испорача воена помош од милијарди долари за Украина за време на претседателот Џозеф Бајден, кој ја напушта функцијата во јануари. Како што пренесува МИА, според неименувани официјални лица,„ испраќањето помош за Украина се брза за зајакнување на владата во Киjiв пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари“.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине „недела неработен ден“?

ВОНРЕДЕН КОЛЕГИУМ со Џабир Дерала директно од Вилнус, Литванија

СЛБОДНА ЗОНА

„До каде ќе одат со колективната делузија и комплетното губење на контакт со реалноста, истовремено „спрдајќи“ се со интелигенцијата на голем дел од граѓаните на земјава, ставајќи ги во ист кош со нивните „заслепени“ приврзаници со меморија на златна рипка, лесни за манипулација. Антонијо Милошоски, долгогодишен висок функционер, пратеник, министер (што ќе рече цел живот закачен на буџетот на државната …) од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, мртов ладен измисли топла вода, и по повеќедецениска тесна и плодна соработка на Македонија и САД, сега изјавува дека токму неговата партија почнала да гради силна релација со САД, партнерство од важен национален интерес“, пишува Драган Мишев во „Антонијо Милошоски со меморија на златна рипка допрва ќе гради силна релација и партнерството со САД“.

Подготви: Б. Ј.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ