• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Антонијо Милошоски со меморија на златна рипка допрва ќе гради силна релација и партнерството со САД

November 7, 2024

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Антонијо Милошоски со меморија на златна рипка допрва ќе гради силна релација и партнерството со САД

November 7, 2024 15:04
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

До каде ќе одат со колективната делузија и комплетното губење на контакт со реалноста, истовремено „спрдајќи“ се со интелигенцијата на голем дел од граѓаните на земјава, ставајќи ги во ист кош со нивните „заслепени“ приврзаници со меморија на златна рипка, лесни за манипулација.

Антонијо Милошоски, долгогодишен висок функционер, пратеник, министер (што ќе рече цел живот закачен на буџетот на државната …) од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, мртов ладен измисли топла вода, и по повеќедецениска тесна и плодна соработка на Македонија и САД, сега изјавува дека токму неговата партија почнала да гради силна релација со САД, партнерство од важен национален интерес.

Милошоски напомена дека актуелната македонска Влада е во блиски релации со членови од тимот на Трамп, така што партнерството со САД е од важен национален интерес.

„Сметам дека актуелната Влада во Македонија има една предност. Предноста е што постојат и лични познанства пред да се стапи на било каква должност. Во тимот на Трамп и премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Муцунски и други нивни сооработници имаат лични познанства со добар дел од луѓето кои што се блиски во кругот на опкружувањето на Трамп“, се пофали Милошоски.

Really? Зарем заборавил дека земјава има силна поддршка од САД уште пред администрацијата на Бајден, и за време на администрацијата на претходното претседателствување на Трамп (токму во тој период се случи Преспанскиот договор и земјава го смени името во Северна Македонија), и во сите предходни администрации на САД уште од времето на осамостојувањето на земјава.

Милошоски дополнително истакнува дека премиерот Мицкоски остварил средби со одредени соработници на Трамп, меѓу кои акцент се стават на извесен Лутник, (кој бил на бината до новиот американски претседател) на кои се разговарало за проекти кои се од стратешки интерес и ќе овозможат дополнителен развој на нашата економија и зголемување на животниот стандард на граѓаните… Дали Милошевски тука  можеби мисли на проектите како Бехтел и Енка, зад кој и физички стои амбасадорката на САД, и сега кога шефот на Милошоски го подрржува проектот како стратешки важен за иднината на земјата, но стоеше и кога владата на СДСМ и ДУИ го договори и го потпиша истиот овој проект, само што тогаш „најпатриотската“ партија, од позиција на опозиција, го сметаше за криминал и предавсто на националните интереси.

Поддршката од САД е воспоставена одавна, и беше од круцијално значење за опстанокот на Македонија како држава уште од осамостојувањето, и истата има континуитет, без разлика кој е на власт во Македонија. Сосема спротивно на овдешната пракса за „осознавање“ на стратешките партнери и интереси на државава, во зависност од тоа дали одредена политичка опција е на власт или опозиција.

П. С. Соединетите Држави ја признаа Македонија во 1994 година под привремената референца ПЈРМ, а во 2004 година почнаа да ја именуваат со нејзиното уставно име.

„И бев горд кога Соединетите Држави ја признаа Република Македонија под нејзиното уставно име во 2004“, ќе напише поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш во писмото до граѓаните на Република Македонија во 2018 година, потсетувајќи дека: „уште од првиот ден на независноста на вашата држава, Соединетите Американски Држави се ваш постојан пријател“

За потсетување на оние со кратко паметење: И во 1994, и во 2004 година, македонската влада НЕ ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.


Текстот е личен став на авторот
Tags: Антонијо МилошоскиДоналд Трампселективна меморија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ