• Latest

24 ЧАСА: Еден ученик ги стави на тест наставниците на две основни училишта, родителите и МОН; Владата повторно ќе го спасува ЈСП; присуството на Лавров на состанокот на ОБСЕ во Малта е грешка

December 5, 2024
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Еден ученик ги стави на тест наставниците на две основни училишта, родителите и МОН; Владата повторно ќе го спасува ЈСП; присуството на Лавров на состанокот на ОБСЕ во Малта е грешка

December 5, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Бојкот на наставата во две скопски основни училишта поради проблематичен ученик, формирана интердисциплинарна комисија по средба на МОН и Одборот на родители

Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“. Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

– Министерството за образование и наука учествува во изнаоѓањето решение за случајот со ученикот со кој јавноста е веќе запознаена и во таа насока, на иницијатива на МОН е формирана интердисциплинарна комисија составена од претставници на министерството, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, која се состанува за разгледување и преземање соодветно мерки и активности согласно законската регулатива, во чиј фокус се најдобрите интереси на ученикот, но и на сите инволвирани, велат од МОН.

Третоодделенецот од чие однесување се жалат родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во матичното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска празно остана и ова училиште.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера изјави дека случајот добил „преголема, непотребна и донекаде неправедна јавност, обем и јавна дискусија“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Владата ќе помогне повторно ако пропадне тендерот за нафта за ЈСП, но тоа не може да оди во недоглед

– Како Влада сигруно нема да седиме немо и да набљудуваме, но да дадеме шанса и да видиме денес-утре да не има некоја повторна набавка да не се предомислат некои од економските оператори. Ако не, ние ќе мораме повторно како Влада да помогнеме, со одредена позајмица да интервенираме за Јавното сообраќајно претпријатие, но тогаш се поставува прашањето до кога вака. Навистина треба да се поведе сметка околку процесот на децентралзиација затоа што ако некој не може тоа да го прави, тогаш да интервенираме законски, барем да ги преземеме интегернциите и да ја стабилизараме состојбата, рече Мицкоски по прес-конференцијата во Владата.

РЕГИОН

Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание

Во десеттиот обид, ниту еден од двајцата кандидати кои влегоа во вториот круг – Наталија Киселова и Силви Кирилов – не е избран за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија.

СВЕТ

Блинкен на состанокот на ОБСЕ го обвини Лавров за „цунами од дезинформации“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го критикуваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, обвинувајќи го за „цунами од дезинформации“ и ја осуди Москва за ескалацијата на конфликтот во Украина.

На состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на Малта, Блинкен изрази жалење што Лавров ја напуштил салата по своето обраќање, без да ги сослуша останатите учесници.

Полскиот заменик министер за надворешни работи, Владислав Теофил Бартошевски, изјави дека е „грешка“ ОБСЕ да го покани рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средба во Малта.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Tреба ли проблематичните деца да се бркаат од училиште или да се работи со нив?

ИНТЕРВЈУ

Проф. д-р Стефан Детчев, Нов Бугарски универзитет: Решение ќе има кога бугарското општество ќе сфати дека ветото беше голема грешка, а македонското општество дека попуштањето пред популизмот на ДПМНЕ беше пат кон никаде

И по седмите парламентарни избори во неполни четири години Бугарија пак е без редовна Влада. На октомвриските избори ниту една од политичките сили не освои доволен број пратеници за самостојно или евентуално со уште една партија, да дојде до потребното мнозинство. А, што се однесува до темата Македонија, таа скоро и да не се споменува на Бугарската политичка сцена.

Во ексклузивно интервју за Цивил Медиа, професорот д-р Стефан Детчев од Нов Бугарски универзитет, ја оценува актуелната политичка состојба во Бугарија.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Знам дека веднаш ќе бидам нападнат за неправда кон оние што досега ја исполнувале својата генерациска солидарност и уплаќале повеќе од таквата пензија, ама сите сме свесни дека реформите се нужни. Ако сега не ги започнеме реформите може да дојдеме во состојба пензиите секако да бидат социјална помош која државата ќе ја одредува и ќе ја плаќа од буџетот. Само тогаш со право политичарите ќе велат „ви ги покачивме пензиите и од нас зависи нивниот износ“. А можеби така и сака мојов народец. Кога веќе имаме господар тој и нека се грижи за сѐ, па и за пензиите. Македонијо, се претвораш во земја на пензионери и државна администрација“, пишува Војо Мнавески во колумната „Пензиите не се политичка, туку солидарна категорија“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ