• Latest

24 ЧАСА: Европската комисија во извештајот нотира дека Северна Македонија треба да ги комплетира уставните измени; Зајкова не се приклучува на власта на Мицкоски; ќерката на Буш ја поддржа Камала Харис

October 30, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Европската комисија во извештајот нотира дека Северна Македонија треба да ги комплетира уставните измени; Зајкова не се приклучува на власта на Мицкоски; ќерката на Буш ја поддржа Камала Харис

October 30, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Предлог-извештај на ЕК: Северна Македонија треба да ги комплетира уставните измени и да го интензивира темпото на реформи

Северна Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени.

Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ од „Пакетот за проширување“ на Европската комисија, што официјално треба да биде усвоен денеска и објавен попладнево.

Прес-конференција за презентација на Извештајот за Северна Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Моника Зајкова за ЦивилМедиа: Доста беше од теми кој со кого ќе коалицира, повикувам да работиме на политики и решенија за стабилна државата и задоволни граѓани

„Доста беше од теми кој со кого ќе коалицира или како ќе настапува. Повикувам да работиме на политики и решенија за стабилна државата и задоволни граѓани. Ставот за настапот на ЛДП во Парламентот беше соопштен во месец мај од страна на партијата, по одлука на највисоките партиски тела. ЛДП ќе продолжи да дејствува со свои предлози и со поддршка на она што смета дека е добро за граѓаните и државата“, вели Зајкова во разговорот со ЦивилМедиа.

РЕГИОН

Весиќ: Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција на 23 ноември потпишуваат заедничка изјава за изградба на брза пруга

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека брзата пруга на делницата Нови Сад – Суботица ќе биде пуштена во сообраќај на 24 ноември, а ден претходно Унгарија, Србија, Северна Македонија и Грција ќе потпишат заеднички изјава за изградба на брза пруга од Будимпешта до Атина (Патра) преку Скопје, јави дописникот на МИА од Белград.

СВЕТ

Ќерката на поранешниот претседател на САД, републиканецот Џорџ Буш, ја поддржа Камала Харис

Барбара Пирс Буш, ќерка на поранешниот претседател на САД, републиканецот Џорџ Буш помладиот, ја поддржа кампањата на демократската кандидатка Камала Харис. Минатата недела таа учествувала во мобилизација на гласачи во сојузната држава Пенсилванија, објави списанието „Пипл“.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што треба да направат невладините организации за да се зајакне довербата во нив? 

ДИСКУСИЈА БЕЗ ПАРДОН: Ексклузивни податоци, остри коментари: Второ издание на КОЛЕГИУМ

Учествуваат (според редослед на појавување): Џабир Дерала, Зоран Иванов, Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Војо Маневски, Драган Мишев и Дестан Јонузи (Фронтлајн, Прес онлајн).

СЛОБОДНА ЗОНА

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, отако му даде време на времето, денеска го добил и го прочитал писмото на, како што вчера го нарече „граѓанинот“, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со „неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“. Во меѓувреме, вчера имал како што вели „искрен и пријателски телефонски разговор со Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитал победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија“. Но, што содржел целиот разговор, јавноста нема информации, туку само тоа што кажал Мицкоски, пишува Дехран Муратов во анализата „Мистериозното писмо на Мицкоски до ЕУ и писмото на „граѓанинот“ Ахмети, историскиот проект со „Бехтел и Енка“ веќе не е „криминален“

*

„Да не бидеме малициозни, но ако сакаме да бидеме уште по прецизни, од укинувањето на летовите на Визер во зимскиот период, до почеток на летовите на новите линии на истата авиокомпанија, таму некаде од крајот на јуни, во период од 8 месеци, достигнувањето на Николовски во збогатувањето на редот на летање на скопскиот аеродро, барем што се однесува на нискобуџетниот Визер, преоѓа во негатива, и изнесува -3 (и со зборови: минус три)“, пишува Драган Мишев во колумната „Помогнете му на Николовски да изброи со колку линии на нискобуџетниот Визер го збогатил скопскиот аеродром: 3 – 3 = 0“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ