• Latest

24 ЧАСА: Јовановиќ „потврди“ – Македонија е на четврто место во Европа, ама одзади; Ден на сеќавање на украинските деца; Геноцидот продолжува – затворени центрите за помош во Газа

June 4, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Јовановиќ „потврди“ – Македонија е на четврто место во Европа, ама одзади; Ден на сеќавање на украинските деца; Геноцидот продолжува – затворени центрите за помош во Газа

June 4, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за Северна Македонија

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Предлог-извештајот за земјава за 24 јуни.

Вајц во образложението на предлогот нагласи дека бил сведок на интензивни политички дебати околу извештајот, но дека апсолутно стои зад документот, за кој во преговорите и компромисите, како што рече, биле вклучени сите пратенички групи во Европарламентот.

„Ова е извештај на Европскиот парламент и на Европската Унија. Овој извештај нема намера и нема за цел решавање на билатерални прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сепак, знаеме дека се работи и за билатерални односи, но исто така, да речеме, за владеењето на правото, за третманот на малцинските заедници и така натаму. Затоа би сакал да побарам одлагање на гласањето по овој извештај за 24 јуни“, рече Вајц.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

Да, Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој. Ама од позади. Само Молдавија, Косово и Босна се помалку развиени од нас. И Албанија беше, ама лани нѐ престигна, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Северна Македонија е четврта економија во ЕУ.

„Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ. Албанија е на 43%, Србија е на 51%, Црна Гора на 53%. Јас тука навистина не гледам ништо за радување“, вели Јовановиќ.

Јовановиќ вели дека вакви слични приказни – дека сме трета економија во светот – имаше и Груевски пред десетина години, па гледаме каде дојдовме од сето тоа. Според него, жално е што оваа влада почнува толку многу да наликува на таа.

„Можеби јас не сум објективен – нека излезе премиерот на улица, нека им каже на луѓето дека сме четврта економија во Европа, па да видиме како ќе реагираат“, вели Јовановиќ.

4 Јуни, ден на сеќавање на украинските деца, жртви на рускиот терор

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

Денес е 4 јуни, ден на сеќавање на децата кои станаа жртви на рускиот терор, објави Министерството за внатрешни работи на Украина и наведе податоци според кои, од почетокот на целосната руска воена инвазија врз Украина, како резултат на руските воени злосторства, 631 дете загинало, а уште 1971 се повредени.

По тој повод, украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, со објава на Х на 1197 ден од руската војна во Украина посочи дека на 4 јуни оддаваме почит на децата кои беа убиени од руската војна. Од почетокот на целосната руска воена агресија, загинаа 631 дете, а 1971 дете беа повредени. Младите животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот. #StopRussia

РЕГИОН

Адвокатите на Ратко Младиќ бараат судот во Хаг итно да го ослободи бидејќи се ближи кон крајот на животот

Одбраната на воениот командант на Војската на Република Српска, воениот злосторник  Ратко Младиќ, побара од претседателот на меѓународниот суд во Хаг веднаш да го ослободи со привремена и условна слобода од хуманитарни причини, повикувајќи се на проценките на лекарите дека наскоро ќе почине, јавуваат српски медиуми.

СВЕТ

Затворени центрите за помош во Газа откако Израел предупреди дека патиштата до локациите се „борбени зони“

Центрите за дистрибуција на помош во Газа поддржани од САД и Израел се затворени денес, откако израелската војска предупредува дека патиштата што водат до локациите ќе се сметаат за „борбени зони“.

Хуманитарната фондација Газа (GHF), контроверзна мрежа за помош поддржана од САД и Израел, вели дека локациите се затвораат за „работи за ажурирање, организација и подобрување на ефикасноста“

АЛ-ПРЕС

Европскиот парламент го усвои најновиот извештај за Албанија, во кој ги истакнува предизвиците со кои се соочува земјата на патот кон членство во ЕУ. Документот, изготвен од австрискиот европратеник Андреас Шидер, го пофалува постигнатиот напредок, но исто така покренува сериозна загриженост за политичката ситуација и странското мешање, односно руско влијание, јавуваат албанските медиуми.

Косовските медиуми јавуваат дека Се очекува првите затвореници од Данска да бидат префрлени во затворот во Гњилане во првата половина на 2027 година, а 26-иот обид за конституирање на собранието, не успеа ниту денеска

Сите содржини од денешниот редакциски избор од албанските медиуми на следниот ЛИНК.

Меѓународни реакции на руските услови за мир: Купување време со крв

Додека Украина покажа добра волја со тоа што се согласи на хуманитарни мерки, вклучително и размена на затвореници и репатријација на паднатите војници, Русија ги искористи разговорите за да постави ултиматуми: предавање на територија, откажување од амбициите за НАТО членство, ограничување на одбранбените капацитети и укинување на санкциите.

Тоа не е дипломатија. Тоа е изнуда во ракавици, се вели во соопштението на Вестминстерската алијанса за Украина и глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, каде што ЦИВИЛ е една од трите организации основачи.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали сте за една изборна единица?

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во понеделник премиерот Христијан Мицкоски најави дека очекува да бидеме меѓу првите пет-шест економии во Европа, меѓутоа вчера гордо соопшти дека сме четврта економска сила во ЕУ. Се плашам денес да не каже дека „ако се стегнеме малку до петок (до Курбан Бајрам) ќе го заземеме првото место, односно ќе бидеме на врвот.“, пишува Дехран Муратов во блиц коментарот „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек“.

„Дали сте знаеле дека Хрватска има 576 локални изборни единици? Тоа се должи на фактот што е направена најсложена можна мрежа на жупании (околии) и општини која според замислата на покојниот претседател Туѓман може да носи безбедна власт на неговата партија. Така, постојат општини со одвај 500 жители.

Колку од нив гласаат (имаат право на глас) е секако прашање на кое не го знаеме одговорот, можеме да претпоставиме, а во нив сѐ се решава на собирот на граѓани во единствената меана во населеното место. Како и да е, според познатиот политиколог и коментатор Жарко Пуховски, ХДЗ победила во 280 локални изборни единици (околу 48 отсто). Тој заклучи дека ова покажува дека Хрватска е една длабоко конзервативна средина.“, пишува Авторот Љубомир Костовски во анализата „ХРВАТСКА ПОСТИЗБОРНА ПАНОРАМА: Кој слави, а кој анализира?“.

Подготви: Д. Тахири 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ