• Latest

24 ЧАСА: Ќе има летови за Нова година, откажан штрајкот на контролорите на летање; компаниите ќе добијат 50 милиони евра за зелени инвестиции; опозицијата буквално лаже за уставни измени под бугарски диктат

December 21, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Ќе има летови за Нова година, откажан штрајкот на контролорите на летање; компаниите ќе добијат 50 милиони евра за зелени инвестиции; опозицијата буквално лаже за уставни измени под бугарски диктат

December 21, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции

Владата и Министерството за финансии овозможија пристап до нов дополнителен капитал од 50 милиони евра за домашните мали и средни претпријатија за своите инвестиции. Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија, а до крајните корисници ќе бидат достапни преку деловните банки во земјата.

Средствата се обезбедени преку Француската развојна банка, со која денеска беа потпишани договори од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и главниот извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов.

Како што информира Министерството за финансии, Договорот од страна на Француската развојна банка го потпиша Матје Васер, директор за Европа и Азија во Агенцијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Заклучоците на Европскиот совет се јасни: Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија веднаш штом земјата ќе ја спроведе својата заложба за завршување на уставните измени, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, во согласност со нејзините внатрешни процедури. Европскиот совет ја повикува Северна Македонија да го забрза нивното спроведување, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро, на прашањето на МИА дали се можни други решенија, како измена на Преговарачката рамка, доколку не се обезбеди мнозинство за усвојување на уставните измени.

*

Опозицијата буквално лаже за уставни измени под бугарски диктат, со тоа на најпримитивен начин собираат гласови за избори!, вели проф. д-р Ана Чупеска во утринското гостување на „Слободен печат“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, за да не се пролонгира изборот на оперативниот кадар што е неопходен, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.

ПРАВДА Судот ги ослободи од обвинение поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев за несовесно работење во службата и двајца доктори, по поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.

БЕЗБЕДНОСТ Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип, Скопје и Битола вчера реализираа низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници.

МНР Побарани се дополнителни гаранции со кои ќе се укаже дека компанијата „Еуроинвест Медиу“ нема конфликт на интерес.

ИНТЕГРАЦИИ САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавија од Стејт департментот за МИА.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија во текот на ноќта во четвртокот лансираше неколку групи беспилотни летала камикази Шахед во Украина од три правци: Чауда на окупираниот Крим, Приморско-Ахтарск и Курск, пренесува Укринформ според информации од украинските воздухопловни сили.

АЛ-ПРЕС

Според најавите на поранешниот албански премиер Сали Бериша, денеска се очекува да се одржи протестот на опозицијата на кој околу 800 полицајци од полицијата во Тирана и од Националните безбедносни сили се ангажирани за одржување на редот и безбедноста. Пред албанското Собрание веќе започнаа тензиите, пратеници од  Демократската партија се судрија со гардата пред влезот на парламентот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг  во своето годишен говор изјави дека одржувањето на мирна и безбедна средина во Косово е клучот за стабилноста на Западен Балкан.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ во соработка со Општина Кочани  на 1 декември одржа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“. Mултимедијалниот настан за мултикултурализам се одржа и во пресрет на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености, за чии права и достоинствен живот ЦИВИЛ постојано се бори и ја подига свеста на општествено и институционално ниво.

Ученици од четири основни училишта во општината учествуваа на конкурсот со избор од креативни творби, кои ќе бидат дел од изложбата. Со одлука на комисијата за оценување, беа  доделени  награди на најуспешните учесници, а ЦИВИЛ  додели сертификати за учество на сите што беа дел од овие активности.

На настанот пред учениците и бројната публика, се обратија градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

СЛОБОДНА ЗОНА

„На Балканот, Вучиќ и Додик си прават натиго-дајмиго во допингување на изборите, Подгорица ја чувствува пост фестум ревизијата на волјата на гласачите, прозападната ориентација на БиХ е блокирана од Додик, а во Македонија, изгледа како да успеа операцијата „Коњички скок“, најавена пред неколку години, а во која никој не веруваше.

Речиси според сценариото на таа операција, најавена од Љубљана, од градот од каде што ни дадоа список на црните пари што ги добиваат дел од македонските медиуми, а за што никој не мрдна со прст… пишува Љубомир Костовски во анализата „ОПЕРАЦИЈА МАЛА ПРЕСПА ВО СРБИЈА: Изборен арсенал од под рускиот шинел“.

*

„Ни за сто години нема ЕУ под овие околности“, го кажа ова и си ја заврши партиската кариера зашто и во неговата партија, таа широка и од стравови изманипулирана граѓанска база дека ќе сме се бугаризирале или ќе сме си ја поништеле историјата или ќе сме си го продале Гоце или какви се други небулози и да зборува бугарската страна, тоа не минува и многу добро тоа го знае и авторот на цитатот сместен на самиот почеток на оваа една реченица и, оттука, иако до изборите е многу рано, со ваквиот поглед на македонската иднина на се уште првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кој само за да стане премиер и да го запоседне државниот буџет земјава ја држи во заложништво, ова и наспроти актуелните овдешни, регионални па и глобални економски, социјални и посебно безбедносни околности па, го сакал тоа некој или не, Македонија, не само што треба, туку ќе мора да зачекори по ЕУ патот… пишува Зоран Иванов во колумната „Околности македонски & околности европски“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ