ВЕСТ НА ДЕНОТ
Конференција „Година на евроспки можности“ во Скопје
Денеска започна дводневната годишна конференција „Година на европски можности“ во Скопје. На повеќе панел сесии на конференцијата, овие два дена се дискутира и ќе се направи пресек на владините политики и мерки преземени во 2023 година, со фокус на евроинтеграциите како клучен процес за 2024 година.
Во совето обраќање, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека членството во Европската Унија не е, и не може да биде предизборно ветување кое никогаш нема да се реализира, а оваа година е година на одлуки, евроски наредок или изолација.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, на отворањето порача дека од изборите на 11 декември 2016 година и формирањето на владата во јуни 2017 година, ова прогресивно заедништво, се соочувало со многу предизвици.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Дали има руско влијание во нашите верски заедници? Одговорот пронајдете си ги сами. Дали има руско влијание во нашите медиуми? Одговорот, пак си го знаете сами. Дали има руско влијание во невладините организации во нашето општество? И сите знаете дека има руски експоненти и елементи кои што прават се што е можно и во нивна моќ да ги нарушат прогресивното парламентарно мнозинство и коалиција која што сака да ја види оваа држава членка на НАТО и ЕУ и во вековно пријателство во Америка. Затоа се обидуваме да го изградиме европскиот фронт на заедништво, на прогресивни сили во државата. Зависи од сите вас, од сите нас заедно каде и каква ја сакаме нашата заедничка Македонија, да биде европска или руска“, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Можното намалување на американската помош за Украина е лоша вест, но Европа треба да биде подготвена да го зголеми својот удел, изјави претседателот на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, Михаел Рот.
*
Украина ја препознава важноста на платформата на Советот за безбедност за документирање на сведочењето за модерната реинкарнација на Рибентроп и неговите послушници, изјави Сергиј Кислица, амбасадорот на Украина во ОН.
*
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на Икс објави дека, утрото на 699 ден од агресијата, руските агресори повторно извршија масивен ракетен напад врз Украина.
*
Полска и нејзините сојузници ги активираа своите авиони поради активност на руската авијација со долг дострел, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.
КОНФЛИКТИ
И последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, во текот на изминативе 24 часа веќе се евакуирани оттаму. По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, информираат денеска од Министерстото за надворешни работи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕНЕРГЕТИКА До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
НАЈАВА Премиерот Димитар Ковачевски в четврток ќе поднесе оставка, по што ќе се отворат процесите за формирање техничка влада, која треба да го овозможи спроведувањето на парламентарните избори на 8 мај.
СОРАБОТКА Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, денес се сретна со новоназначената директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Валентина Суперти.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
(ОСЛОБОДИ ГО УМОТ) Сарачини и Костовски за лажните наративи
СЛОБОДНА ЗОНА
„Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан во Скопје искажа уверување дека нашите мајски избори не ќе се само обични туку ќе се јасен избор помеѓу оние кои го сакаат европскиот пат и помеѓу оние чие минато, како што рече, покажуваат дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ и притоа, од дипломатска пристојност се разбира, кон вториве, кон оние кои „покажуваат дека не се заинтересирани за пристапување во ЕУ“ не покажа со прст но како на школска табла ги нацрта ВМРО-ДПМНЕ и неговите нотарски пратеници“, пишува Зоран Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС во „Мајските ќе бидат избор за движење кон Европа или избор за талкање по некој сосема различен пат“.
подготви: Б. Јордановска