ВЕСТ НА ДЕНОТ
Во Виница се случи најцрниот предизборен инцидент досега – претепан е кандидатот за советник на Демократски сили на Ромите (ДСР), Умут Скопко, кој е на 4 место на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Нападот се случи сред бел ден, пред ресторан, пред сведоци. Осуммина од обезбедувањето на владејачката партија, како што тврдат роднините, го тепале Умут и неговиот брат со цел да се откаже од кандидатура за советник. Умут од вчера лежи во кома во болница во Скопје, лекарите се борат за неговиот живот.
Ова не е прв напад врз него, само две недели претходно бил нападнат од истите луѓе, но тогаш случајот завршил само со пријава во партијата, во очекување дека ќе биде заштитен. Но, наместо заштита, следуваше крвопролевање.
Министерството за внатрешни работи излезе со стерилно соопштение – според нив, станувало збор за „физичка пресметка по претходна расправија“ меѓу двајца лица. Од МВР за ЦИВИЛ соопштија дека на 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница.
Истовремено, додека жртвата се бори за живот, полицијата навлезе во ромското маало со долги цевки и автоматско оружје, како во окупација, со што, според братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, јасно се испраќа порака: институциите не штитат, тие заплашуваат.
„Наместо полицијата да ги фати насилниците, тие со автомати дојдоа кај нас, мислејќи дека ќе нè заплашат“, вели братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, за ЦИВИЛ.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
– Серискиот број не стои на самото гласачко ливче, тој останува на блокот, на кочанот, така што да нема забуни ниту едно гласачко ливче не може од никого да биде идентификувано според сериски број, додаде Кондарко и појасни дека на крајот на гласачкото ливче за избор на градоначалник се содржи и името на општината, односно Градот Скопје за кој се врши изборот.
РЕГИОН
Додик по средбата со Путин: Русија ќе го презентира извештајот за БиХ пред Советот за безбедност
Република Српска подготвува извештај за Советот за безбедност на ООН, кој ќе биде презентиран од Русија, соопшти на „Икс“ Милорад Додик, разрешениот претседател на Република Српска, кој синоќа се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи.
Додик наведе дека Русија моментално претседава со Советот за безбедност, а на дневен ред е Босна и Херцеговина. Седницата е закажана за 31 октомври, јави Радио Слободна Европа.
„Задоволен сум што разговарав за стабилните стратешки односи со Путин, кој е добро запознаен со сложената состојба во Република Српска“, напиша Додик.
СВЕТ
На италијанскиот настан ќе учествуваат парламентарци, сегашни и поранешни институционални претставници, академици и експерти за безбедност и меѓународни односи, засегнати страни од енергетскиот, одбранбениот и технолошкиот сектор и квалификувани новинари од земјите од E5: меѓу учесниците ќе бидат поранешниот британски пратеник Роџер Казале, германскиот потсекретар за европски прашања Гинтер Крихбаум, поранешниот началник на Генералштабот за одбрана Винченцо Кампорини, директорот на здружението Жан Моне, Оливие Ведрин, генералниот директор на Претседателството на Советот на министри, Франческо Туфарели, како и претседателот на невладината ЦИВИЛ-Центар за слобода, Џабир Дерала.
Средбата ќе биде поделена на два тематски панела: „Улогата на Коалицијата на волјата во поддршката на Украина“ и „Градење мир и повоена обнова“.
Д. Муратов