• Latest

24 ЧАСА: Крвава кампања во Виница – кандидат за советник во кома, ДИК го утврди гласачкото ливче, Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“

October 3, 2025
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Крвава кампања во Виница – кандидат за советник во кома, ДИК го утврди гласачкото ливче, Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“

October 3, 2025 16:07
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

Во Виница се случи најцрниот предизборен инцидент досега – претепан е кандидатот за советник на Демократски сили на Ромите (ДСР), Умут Скопко, кој е на 4 место на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ. Нападот се случи сред бел ден, пред ресторан, пред сведоци. Осуммина од обезбедувањето на владејачката партија, како што тврдат роднините, го тепале Умут и неговиот брат со цел да се откаже од кандидатура за советник. Умут од вчера лежи во кома во болница во Скопје, лекарите се борат за неговиот живот.

Ова не е прв напад врз него, само две недели претходно бил нападнат од истите луѓе, но тогаш случајот завршил само со пријава во партијата, во очекување дека ќе биде заштитен. Но, наместо заштита, следуваше крвопролевање.

Министерството за внатрешни работи излезе со стерилно соопштение – според нив, станувало збор за „физичка пресметка по претходна расправија“ меѓу двајца лица. Од МВР за ЦИВИЛ соопштија дека на 02.10.2025 во 18:20 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода Д.М.(37) од Виница.

Истовремено, додека жртвата се бори за живот, полицијата навлезе во ромското маало со долги цевки и автоматско оружје, како во окупација, со што, според братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, јасно се испраќа порака: институциите не штитат, тие заплашуваат.

„Наместо полицијата да ги фати насилниците, тие со автомати дојдоа кај нас, мислејќи дека ќе нè заплашат“, вели братучедот на жртвата, Пусат Јусеинов, за ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче

– Серискиот број не стои на самото гласачко ливче, тој останува на блокот, на кочанот, така што да нема забуни ниту едно гласачко ливче не може од никого да биде идентификувано според сериски број, додаде Кондарко и појасни дека на крајот на гласачкото ливче за избор на градоначалник се содржи и името на општината, односно Градот Скопје за кој се врши изборот.

РЕГИОН 

Додик по средбата со Путин: Русија ќе го презентира извештајот за БиХ пред Советот за безбедност

Република Српска подготвува извештај за Советот за безбедност на ООН, кој ќе биде презентиран од Русија, соопшти на „Икс“ Милорад Додик, разрешениот претседател на Република Српска, кој синоќа се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи.

Додик наведе дека Русија моментално претседава со Советот за безбедност, а на дневен ред е Босна и Херцеговина. Седницата е закажана за 31 октомври, јави Радио Слободна Европа.

„Задоволен сум што разговарав за стабилните стратешки односи со Путин, кој е добро запознаен со сложената состојба во Република Српска“, напиша Додик.

СВЕТ

Вестминстерска алијанса за Украина: Дебата во Рим за идентификување конкретни предлози за улогата на „Коалицијата на волните“ 

На италијанскиот настан ќе учествуваат парламентарци, сегашни и поранешни институционални претставници, академици и експерти за безбедност и меѓународни односи, засегнати страни од енергетскиот, одбранбениот и технолошкиот сектор и квалификувани новинари од земјите од E5: меѓу учесниците ќе бидат поранешниот британски пратеник Роџер Казале, германскиот потсекретар за европски прашања Гинтер Крихбаум, поранешниот началник на Генералштабот за одбрана Винченцо Кампорини, директорот на здружението Жан Моне, Оливие Ведрин, генералниот директор на Претседателството на Советот на министри, Франческо Туфарели, како и претседателот на невладината ЦИВИЛ-Центар за слобода, Џабир Дерала.

Средбата ќе биде поделена на два тематски панела: „Улогата на Коалицијата на волјата во поддршката на Украина“ и „Градење мир и повоена обнова“.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ