• Latest

24 ЧАСА: Наезда на радикалите на европските избори; ГЕРБ на Борисов победи на изборите во Бугарија, но тешко да состави влада; претседателот на Уставен суд, Костадиновски ќе биде лојален само на Уставот

June 10, 2024
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Наезда на радикалите на европските избори; ГЕРБ на Борисов победи на изборите во Бугарија, но тешко да состави влада; претседателот на Уставен суд, Костадиновски ќе биде лојален само на Уставот

June 10, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЕУ избори: ЕПП е најбројната политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до недела во 27-те земји членки на ЕУ.

Трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Судскиот активизам, враќањето на довербата на граѓаните во Уставниот суд и во правната држава, внесување на науката во Уставниот суд, како и бескомпромисност во обидите за политички и какви било други влијанија врз Судот или врз уставните судии, ќе бидат главни приоритети на новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

РЕГИОН

Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ е на пат да освои најмногу гласови на парламентарните избори, но ќе и требаат коалициски партнери за да формира влада, покажаа денеска привремените резултати врз основа на 64,06 отсто од преброените гласови.

*

Фреди Белери, cause célèbre: Албански градоначалник со грчко потекло во албански затвор за купување гласови – избран за грчки европратеник.

СВЕТ 

Швајцарија ќе организира конференција за Украина претстојниот викенд, при што светските лидери ќе разговараат за тоа како да се постигне евентуален мировен процес, иако Русија нема да учествува.

Собирот доаѓа веднаш по самитот на Г7 во јужна Италија, што ќе трае од четврток до сабота, за време на кој богатите демократии ќе разговараат и за Украина во присуство на нејзиниот претседател Володимир Зеленски.

ТЕХНОЛОГИИ

Промоцијата на книгата „Човекот, роботот и дигиталниот бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски ќе се одржи во Рок бар „Гарсон“ на 11 јуни (вторник), со почеток во 19:30 часот, објави Фронтлајн. Промотори на книгата се проф. Емилија Целакоска и Ванчо Орданоски.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ноќта на 9 јуни беше напната и тешка за Европа – соочена со вистинска наезда од радикалните политички сили. Крајно десничарските партии освоија околу 150 од 720 места во Европскиот парламент. Ксенофобија и антимигрантски политики, радикален национализам, евроскептицизам, противење на помошта за Украина, авторитарно наспроти демократско владеење – се главните одлики на крајната десница што бележи подем на европските избори оваа година“, пишува Џабир Дерала во колумната „Европски избори: Наезда на радикалите“.

*

„А што ќе прават сега вмровците кои гласаа за да нема веќе ДУИ…како по обичај, вмровците ќе блејат.

Како што кажал народниот мудрец деновиве во некоја кладилница: Животот е тежок, но барем не навивам за Барса и не гласав за ДПМНЕ.

Наум Стоилковски ги изгрицкал бисквитите? Нека јаде сега гурабии. И нека мачка вазелин на градите патриотски, да не го боли душата“, пишува Драган Мишев во колумната „Ако немаат бисквити, нека јадат гураби“.

*

„За жалење е што уметноста е ставена на диспозиција на политичарите, а уметниците низ целиот свет се најсилната опозиција на политиката! На страна политичката / партиската / владината сопственост на уметноста и уметниците, она што ми остави впечаток е дека „цела Филхармонија“ се кренала на нозе  затоа што нов директор ќе биде – „ЛЕЛЕ, АЛБАНЕЦ“!, пишува Дијана Тахири во колумната „Филхармонија „наша“, „чиста“ македонска!“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ