• Latest

Европски избори: Наезда на радикалите

June 10, 2024
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Европски избори: Наезда на радикалите

... и неколку македонски паралели

June 10, 2024 11:17
in ES-PRESS-O, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ноќта на 9 јуни беше напната и тешка за Европа – соочена со вистинска наезда од радикалните политички сили. Крајно десничарските партии освоија околу 150 од 720 места во Европскиот парламент. Ксенофобија и антимигрантски политики, радикален национализам, евроскептицизам, противење на помошта за Украина, авторитарно наспроти демократско владеење – се главните одлики на крајната десница што бележи подем на европските избори оваа година.

Во Франција, партијата Ренесанса на Емануел Макрон беше поразена од Националниот собир (НР) на Марин Ле Пен. Францускиот претседател реагираше со одлука да го распушти собранието и закажа брзи избори што ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули. Неговата одлука се толкува како многу ризична и потсетува на шпанскиот премиер Санчез кој повика на предвремени избори откако неговата партија изгуби на локалните избори во 2023 година.

Имаме и македонски примери за импулсивни политички одлуки, како онаа на Зоран Заев кој повика на предвремени избори по француското вето на почетокот на ЕУ преговорите. А потоа поднесе оставка на премиерската функција по катастрофалниот пораз на СДСМ на локалните избори (!) во 2021 година.

Европските избори се извонредно комплексни и значајни, а секако и меѓу најголемите изборни операции во светот. Порастот на крајната десница беше очекуван, иако предизвика и неколку горчливи изненадувања. Освен поразот што го преживеа Макрон, тежок удар доживеаја и партиите на владејачката коалиција во Германија.

Според пласманот во Европскиот парламент, Алтернатива за Германија (АФД) стана втора најголема политичка сила со 16% освоени гласови и скок од 5% во однос на изборите во 2019 година. Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ освои 30%. Германските социјалдемократи со неполни 14% бележат најголем изборен неуспех во својата историја. И нивните коалициони партнери, Зелените, со неполни 12% бележат драстичен пад. Најмалиот коалиционен партнер во германската влада, Слободните демократи (ФДП), добија околу 5% од германските гласови. Да не одам понатаму со редење на податоците за Австрија, Италија и други ЕУ земји, за ова четиво да не биде премногу депресивно…

Во секој случај, конзервативците на Европската народна партија, особено во Германија, удобно се сместија на првото место на европските избори. Оваа година, вистинските губитници се политичките опции на центарот и умерената левица. Дел од гласачите ширум ЕУ, а особено во најголемите и најбогатите демократии, кои во претходните изборни процеси својата доверба им ја давале на демократските партии, сега се свртеа кон радикалната десница. Македонските гласачи отидоа и подалеку. Голем број гласачи на прогресивните политички опции во минатото, сега се свртеа кон ултранационалистите.

Сепак, не е сѐ толку црно. Европските гласачи, сепак, сакаат „силна Европа“ како што рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, чија Европска народна партија освои најголем дел од местата во Европскиот парламент. Од друга страна, свртувањето во десно не се гледа само во бројот на освоените места, туку и во заострувањето на реториката на голем дел од умерените политичари.

На работ на трговската војна со Кина и во период кога рускиот агресор е во офанзива во Украина, ЕУ е исправена пред големи ризици и неизвесност. Европа добива парламент во кој антидемократски сили ќе бидат во позиција битно да влијаат врз најважните социополитички прашања на континентот и многу пошироко.

Исходот од европските избори секако ќе има специфично влијание врз американските избори во ноември. За влијанието врз македонските (не)прилики и да не говориме. Ако не се деблокираат клучните процеси, може засекогаш да се збогуваме од европската иднина на „нашата земја“, како што би рекла Јагода.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Гаши да се извини!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ