• Latest

Предвремени парламентарни избори: Брзи, но одложени!

November 12, 2019
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Предвремени парламентарни избори: Брзи, но одложени!

СКЕН - политички видео магазин објавува: Имаме предлог за брзи предвремени парламентарни избори, за тие потоа да се претворат во одложени предвремени избори за речиси половина година по предлогот за избори и на помалку од половина година пред редовниот термин за избори кој, исто така, претходно беше поместен од декември на октомври 2020 година.

November 12, 2019 21:06
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ситуацијата во Република Северна Македонија е редовна. Тоа подразбира дека редовно имаме вонредни ситуации. Една од тие вонредни ситуации која редовно се повторува, се разбира, е македонскиот специјалитет – предвремени парламентарни избори.

По блокадата од францускиот претседател Емануел Макрон на датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, премиерот Зоран Заев повика на предвремени парламентарни избори. Својот предлог го соопшти два дена по блокадата во Брисел, на 19 октомври, кога повика на брзи, да повториме, брзи, предвремени парламентарни избори, најбрзо што може.

По прес конференцијата, претседателот Пендаровски беше домаќин на средба меѓу лидерите на парламентарните партии што самостојно освоиле гласови на предвремените парламентарни избори во 2016 година. На лидерската средба на 20 октомври, како што ни соопшти и претседателот Пендаровски, политичките лидери, барем декларативно, постигнале консензус дека, без оглед на околностите, во секоја ситуација ќе се залагаат за стратешките интереси на земјата, а тоа е членството во Европска Унија.

Ситуацијата во Република Северна Македонија е редовна. Тоа подразбира дека редовно имаме вонредни ситуации. Една од тие вонредни ситуации која редовно се повторува, се разбира, е македонскиот специјалитет – предвремени парламентарни избори.

Мицкоски, пак, откако успеа да избегне избори во декември, а притоа дал и гаранции дека ќе ги поддржува македонските ЕУ аспирации, продолжи со истиот, добро познат тон.

„Поразен е арамилукот…“ – беа првите зборови на Мицкоски веднаш по лидерската средба.

И, што имаме? Имаме предлог за брзи предвремени парламентарни избори, за тие потоа да се претворат во одложени предвремени избори за речиси половина година по предлогот за избори и на помалку од половина година пред редовниот термин за избори кој, исто така, претходно беше поместен од декември на октомври 2020 година.

Толку од брзи избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упорно бегал од избори во декември. Како што ексклузивно дознавме уште истата ноќ додека траеше лидерската средба, Зоран Заев самоуверено и во духот на помирувањето, веднаш се согласил на барањето на Мицкоски, па така, брзите избори, веќе и не се така брзи. Откако го доби тоа што го бараше по секоја цена, Мицкоски, уште во првата минута по лидерската средба, продолжи со својата кампања на целосно дискредитирање и омаловажување на политичкиот противник.

Премиерот повика на избори, што можно побрзо, на 19 октомври.

Во јавноста изостанаа одговори на многу основни прашања. Дали има потреба од предвремени парламентарни избори? Ако изборите се брзи, тогаш кога треба да се одржат за навистина да бидат брзи? Зошто Мицкоски бегаше од избори во декември, кога постојано бара избори да се одржат веднаш и сега? Дали навистина Пржинска влада е дел од закон или е само меѓупартиски договор? Дали политичките лидери погрешија или не?

Сите тие прашања се прескокнати. Наместо тоа, се прејде на драстично менување на изборниот систем, со менување на изборниот модел. Повторно, останавме без одговор на прашањата дали има услови за тоа и дали имаме време да ги исполниме тие услови. Дали во менувањето на изборниот модел се вклучени релевантните граѓански организации, експерти и институции што се задолжени за спроведување на изборните процеси? Дали може да се промени изборниот модел без да се напише нов Изборен законик, бидејќи сегашниот е за ремонт?

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, вели дека менувањето на изборното законодавство е спротивно на стандардите и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Според него, промени во изборниот модел не треба да се прават најмалку една година пред изборите.

Дали има потреба од предвремени парламентарни избори? Ако изборите се брзи, тогаш кога треба да се одржат за навистина да бидат брзи? Зошто Мицкоски бегаше од избори во декември, кога постојано бара избори да се одржат веднаш и сега? Дали навистина Пржинска влада е дел од закон или е само меѓупартиски договор? Дали политичките лидери погрешија или не?

Што се однесува до капацитетите и подготвеноста на ДИК, тие се во состојба да организираат и спроведат изборен процес за 55 дена. Значи, избори можевме да имаме во декември.

Како и да е, Иницијативата за менување на изборниот модел продолжи со работа. На 5 ноември одржа и тркалезна маса, со многу ќошиња, на која носителите на иницијативата ги изнесоа своите барања.

ВМРО-ДПМНЕ не испрати свој претставник на таа тркалезна маса, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев, целосно ја поддржа Иницијативата, иако изборен модел со една изборна единица на големите партии може да им однесе едно, две, па и повеќе пратенички места во корист на помалите политички партии. Се разбира, може, но и не мора да значи. Заев сподели со јавноста и дека во СДСМ нема целосна согласност, но дека мнозинството ја поддржало иницијативата за една изборна единица.

Претставничките на ДОМ кои ја организираа тркалезната маса тврдат дека со години наназад бараат промена на изборниот модел, што значи дека тоа барање го упатувале и во времето кога беа коалициони партнери на Никола Груевски, сега обвинет за тешки кривични дела и азилант во Унгарија. Барањето на ДОМ не го најдовме во интернет архивите.

Имаше и поинакви погледи изнесени на тркалезната маса. Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ средбата ја нарече фарса.

Да се разбереме, изборен модел со една изборна единица е одамна посакувано, демократско решение. Тоа е дел од реформите што ќе донесат повисоко ниво на демократија и поголема застапеност на различностите. Особено ако реформите се спроведат доследно, стручно и навремено.

Дали во менувањето на изборниот модел се вклучени релевантните граѓански организации, експерти и институции што се задолжени за спроведување на изборните процеси? Дали може да се промени изборниот модел без да се напише нов Изборен законик, бидејќи сегашниот е за ремонт?

Дел од невладините организации, меѓу кои и ЦИВИЛ, се залагаат за една изборна единица веќе една деценија. За тоа постојат и интернет архиви.

Сепак, останува прашањето колку ќе биде успешна оваа итна промена, на помалку од 6 месеци пред изборите, особено ако имаме предвид дека Изборниот законик е во лоша состојба и треба целосно да се менува, а изборниот систем се соочува со сериозни проблеми веќе со децении.

Што ќе произлезе од сево ова, останува да видиме и почувствуваме на денот на гласањето на овие брзи, но одложени предвремени парламентарни избори.

Нека ни е со среќа.

екипа: Биљана Јордановска, Арбен Зеќири, Дехран Муратов
консултант: Зоран Иванов
директор на фотографија: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети, Џабир Дерала


проект: Граѓански објектив
имплементација: ЦИВИЛ
продукција: ЦИВИЛ МЕДИА
финансиска поддршка: National Endowment for Democracy


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕГраѓански објективДИКизбориСДСМСКЕНСтево Пендаровски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ