• Latest
Фреди Белери/фотографија од ФБ профил

Фреди Белери, cause célèbre: Албански градоначалник со грчко потекло во албански затвор за купување гласови – избран за грчки европратеник

June 10, 2024
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Фреди Белери, cause célèbre: Албански градоначалник со грчко потекло во албански затвор за купување гласови – избран за грчки европратеник

June 10, 2024 13:05
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, ТОП 5
Фреди Белери/фотографија од ФБ профил

Фреди Белери/фотографија од ФБ профил

Share on FacebookShare on Twitter

Грчката владејачка партија направи исклучително спорен избор за учество на европските избори што се одржаа вчера – Фреди Белери, градоначалник на градот Химара на албанската ривиера, кој е во затвор поради поткуп на гласови.

Затворањето на Белери е cause célèbre (контроверзно прашање кое привлекува големо внимание на јавноста) во Грција, бидејќи тој е етнички Грк, а тензиите меѓу Атина и Тирана околу неговото притворање сега се закануваат да влијаат на напорите на Албанија за пристапување во ЕУ.

За Грците, Белери е жртва на измислени политички обвиненија, додека за Албанците тој е застрашувачка личност, поврзана со вооружените бунтови на етничкото грчко малцинство. Исто така, тој нашироко се сметаше за клучен противник на албанската влада во случаите со запленување на имотите на етничките Грци околу Химара.

За конзервативната партија Нова демократија на премиерот Кирјакос Мицотакис, изборот на Белери за кандидат за Европскиот парламент значеше деликатна политичка калкулација, пишува Политико.

Белери, кој има и грчко државјанство, беше кандидат на албанската опозициска партија на изборите за градоначалник во Химара, град во јужна Албанија со големо етничко грчко население, во мај 2023 година. Тој беше уапсен два дена пред гласањето за наводно нудење 40.000 албански леки (395 евра / 425 долари) за купување осум гласови.

Номинацијата за пратеник во Европарламентот, која го стави Белери на 25-то место на партиската листа од 42 кандидати, дополнително ги оптоварува односите меѓу двете соседни земји и предизвика интензивна дебата на двете страни од границата.

Белери е контроверзна личност во Албанија. Во 1994 година, тој беше под истрага за наводна вмешаност во напад во кој беа убиени двајца офицери на албанската армија. Не беа пронајдени докази за поддршка на обвиненијата. Една година подоцна, во 1995 година, тој беше уапсен на грчко-албанската граница и осуден во Грција за нелегално поседување оружје.

Некои Грци го гледаат како жртва на политички прогон и бранител на имотните права на етничките Грци во Химара, каде владата се надева дека ќе изгради луксузни туристички одморалишта, се наведува во анализа на Дојче Веле.

Поддржувајќи го етничкиот Грк во албански затвор, Нова демократија може да се „пофали“ со своите патриотски ингеренции и да се обиде да се спротивстави на напливот на поддршка за екстремно десничарските партии, вклучително и националистичкото грчко решение и ултраортодоксната партија „Победа“.

Фреди Белери излезе со реакција по обезбедувањето место во Европскиот парламент, како европратеник на политичката партија на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Белери преку порака од затвор го опишува неговиот избор за европратеник како победа на светлината над темнината. Тој порача  дека војната е добиена благодарение на гордоста и патриотизмот на Грците. Во пораката до поддржувачите, подвлекува дека гласот на малцинството сега ќе биде уште посилен.

„Во текот на сите месеци на мојата авантура, зајакна моето верување дека светлината секогаш победува над темнината. А дека моќта на демократијата може да ја преврти секоја пучистичка практика, доволно е да се има волја и верба во повисока цел. Како што се боревме во оваа војна. Борба за демократија, владеење на правото, слободи и достоинство на граѓаните.“, вели Белери, пренесува Еуроњуз.

Според бројот на освоени гласови, Фреди Белери во моментов е трет кандидат од Нова Демократија на изборите за Европскиот парламент во Грција, каде по сè изгледа ќе обезбеди место во Европскиот парламент бидејќи таму партијата на грчкиот премиер ќе биде претставена со 7 пратеници.

Грчкото Министерство за надворешни работи покрај претпазливоста на „играње политика“ со Белери, изрази „силна резервираност“ за неговата кандидатура, изјавија неколку официјални лица за Политико.

Во Химара вчера граѓаните со огномети ја прославија победата на Белери кој е во затворот Фиер по истрагата на СПАК за купување и продавање гласови на изборите на 14 мај 2023 година, каде што беше кандидат за градоначалник на општина Химара, јавуваат албански медиуми.

Д. Тахири

Tags: АлбанијаБелериГрцијаевропски избориМицотакис
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ