• Latest

Филхармонија „наша“, „чиста“ македонска!

June 9, 2024
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Филхармонија „наша“, „чиста“ македонска!

June 9, 2024 13:00
in МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Според поделбата на директорски места во коалицијата на новата влада (неофицијално), Филхармонија ќе ѝ припадне на коалицијата ВЛЕН.

Во краток преглед на вестите на агрегаторот Time.mk., еден од медиумите веќе се произнесе по оваа (сѐ уште официјално непотврдена) поделба, со видна загриженост дека Филхармонијата „до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во владејачката коалиција“ (читај – од Македонци).

Што на прв, втор и трет поглед значи дека Филхармонијата, како национална институција традиционално мора да припадне или да се води од најсилната политичка опција во државата, а зборуваме за Институција која ја промовира уметноста на највисоко државно ниво (најпросто кажано), и во која НЕ СМЕЕ да има поделби по етничка, а посебно не по политичка определба.

И – никако не смее да „падне“ во рацете на немакедонци!

За жалење е што уметноста е ставена на диспозиција на политичарите, а уметниците низ целиот свет се најсилната опозиција на политиката! На страна политичката / партиската / владината сопственост на уметноста и уметниците, она што ми остави впечаток е дека „цела Филхармонија“ се кренала на нозе  затоа што нов директор ќе биде – „ЛЕЛЕ, АЛБАНЕЦ“!

Па тоа е неспособно, тоа не знае, тоа не го зборува македонскиот јазик, „единствениот чист храм, национална институција со традиција 80 години, заштитен македонски музички храм и гордост“ ја дале на Албанци! (ова не го велам јас, го вели некој од Филхармонија, и тврди дека 99 отсто од вработените во Филхармонија гласале за ВМРО-ДПМНЕ).

Филхармонијата, како и сите други институции во Северна Македонија, им припаѓаат на сите граѓани, без исклучок. Но, како што одамна стојат работите во државата, за да не бидат привилегирани само едните, мораше да се направи и договор под меѓународна капа (рамковниот, нели), кој во продолжение ги исполитизира – или ги стави на броење и позициите на власт и последователно и работните места, квоти во високото образование и така натаму. Што во принцип, мораше да се случи, но крајната цел е речиси секогаш во прилог на желбите и алчноста на политиките чинители и групи.

Но, ова е веќе елаборирано до бесвест, и не гледам посебна потреба од нагласување, освен мало потсетување.

Да се вратиме на Филхармонијата. Ако одите на веб страницата на Институцијата, таа е на три јазици, македонски, албански и англиски, а за квалитетот и техничките решенија, изгледа никој не се потрудил повеќе од најосновните параметри.

Од љубопитност кликнав на верзијата на албански јазик, и нема што, таа постои, по рамковен секако. И секако, неапдејтирана, со лош превод (или без превод), впрочем, како и на сајтовите на многу други државни институции, ништо ново. Можеби, можеби со новото управување тоа ќе се среди, ќе видиме, ќе следиме.

Што се однесува до некојси таму Албанец што ќе ја извалка „чистотијата на храмот“, не му се знае, може и да подзачисти по ќошоите, па ќе направи вистинска промоција на државата, во мултикултурна и универзална смисла, се разбира, доколку повеќе ѝ служи на институцијата и граѓаните (СИТЕ), отколку на политичката опција што ќе го постави на управувачката позиција.

Лично ќе ја/го повикам овој пат!


Текстот е личен став на Авторката.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ