ВЕСТ НА ДЕНОТ
Студентите на милост и немилост – ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз
Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, како што рече, „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
– Со години велиме дека проширувањето е геополитичка неопходност. Сепак, во последната деценија изгубивме повеќе членки, отколку што добивме. Поентата ми е дека ако продолжиме „да се влечкаме“, тогаш не треба да бидеме изненадени ако другите се вмешаат за да ја пополнат празнината, порача претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на прес-конференција по нејзиното денешно учество на Самитот на ЕУ во Брисел.
СВЕТ
Руската пропаганда шири лажни тврдења дека Европскиот парламент ја обвинува Украина за злосторства врз сопствените деца
Разобличување на руските пропагандисти кои манипулираат со говорот на поранешниот холандски европратеник поврзан со проруската партија Форум за демократија (ФВД), во анализата на Андриј Оленин објавена на Укринформ.
ИНТЕРВЈУ
Роџер Касале (Roger Casale), еден од основачите и движечка сила зад Нови Европејци, има истакната кариера што опфаќа бизнис, академија и политика, како во Обединетото Кралство, така и на меѓународно ниво. Тој е магистер по меѓународни односи, со студии на Brasenose College, Оксфорд, и на Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс.
На 11 и 12 декември 2024 година, Касале учествуваше како истакнат панелист на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во Скопје, Северна Македонија.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Како ќе се одрази поскапувањето на струјата на стандардот на граѓаните?
СЛОБОДНА ЗОНА
„Битката за ЕУ не е во гледалиштето или на трибините туку е на сцената или на теренот па, оттука, и ДПМНЕ и Мицкоски треба да не дремат во публиката туку да се симнат на теренот каде што имаат две силни алатки да се спротивстават на евентуални натамошни бугарски шовинистички уцени и тоа, првата, да ги замрзанеме и, втората, ако дотаму дојде, дури и да ги напуштиме ЕУ преговорите па, и поради овие несоборливи факти, доста со плачки и доста со блефови туку ајде истрчајте на жешкиот ЕУ терен каде што се губат битки ама каде што единствено и можат да се добијат, пишува Зоран Иванов.
Д. Муратов