• Latest
Фото: МИА архива

24 ЧАСА: Нови аниткризни мерки во ноември; избори во редовен термин, најавува Ковачевски; ЦИВИЛ со итен повик за прекин на огнот во Газа

October 19, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Нови аниткризни мерки во ноември; избори во редовен термин, најавува Ковачевски; ЦИВИЛ со итен повик за прекин на огнот во Газа

October 19, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Дополнителните антикризни мерки може да се очекуваат од ноември, а до крајот на овој месец би требало да бидат и дефинирани, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информира Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Глобус“, на креирање на мерките се работи интензивно. Тој е запознаен, рече, со некои од предлозите, но кои мерки ќе се донесат, ќе биде договорено во рамки на разговорите, заедно со стопанските комори и со сите останати засегнати страни. Бектеши изрази благодарност до стопанството, посебно до домашните производители, „кои доброволно, во одредени моменти, ги намалуваат цените“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Ние во моментов не зборуваме за преклопување на датуми, ниту за конкретни датуми, туку зборуваме за одржување на избори во редовен термин за што конечно сите политички партии се сложија дека ќе бидат во редовен термин. Конкретните датуми зависат од законските решенија во колку дена пред истекот на мандатот се организираат и парламентарните и претседателски избори и нормално дека конкретниот датум секогаш зависи од тоа што ќе биде договорено и што ќе биде подоцна изгласано и предложено пред се од страна на претседателот на Собранието. Така што, ние имаме востановено пракса, востановена парламентарна демократија во којашто ова се смета за прашања коишто се, би рекол, од техничка природа во однос на организирање на изборите“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украинските сили ја преминаа реката Днипро во голем тактички напредок

*

Руски проектил уби 31-годишна жена во Днипро, загинаа две лица во 105 напади во Херсон, четворица повредени во Обухивка

*

Руските власти приведоа руско-американска новинарка од Радио Слободна Европа

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Во 2024 година земјите од Западен Балкан може да очекуваат економски раст од приближно три отсто во просек, со намалување на стапката на инфлација, се вели во оценката на аналитичарите на Светска банка.
ЗДРАВСТВО Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид – 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.
ИНТЕГРАЦИИ Северна Македонија домаќин на “Смарт Балкан”, програма која се реализира во шест земји од регионот на Западен Балкан и целта е да придонесе во евроинтегративните процеси и да ја зајакне стабилноста во сите земји од регионот, преку поддршка за градење силни граѓански организации

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: ЕП подготви Предлог резолуција за Косово и Србија; Курти бара дополнителни сили на КФОР на границите; Албанците осудени во Велика Британија ќе бидат префрлени во Албанија

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа, деблокада на хуманитарната помош и одговорност за воените злосторства против цивилното население на двете страни

ЦИВИЛ повикува на итен прекин на огнот и целосно отворање на сите патишта за хуманитарна помош за настраданото население во Појасот Газа. ЦИВИЛ упатува најостра осуда за терористичкиот напад на Хамас во Израел, каде што брутално беа убиени 1.300 луѓе, меѓу кои и жени и деца, а киднапирани беа околу 200 луѓе, меѓу кои и странски државјани. Истовремено, ЦИВИЛ упатува најостра осуда и протест до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на 1,1 милион луѓе што го нареди под закана со оган, како и за целосната блокада на снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови. ЦИВИЛ повикува на мир и помирување, заштита на човековите права и почитување на меѓународните договори за заштита на населението во услови на војна. Масакрот мора да престане и да му отстапи место на дијалогот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Многу крв, солзи, болка, разурнати домови, уништени детски соништа, уништена инфраструктура, разурнати болници со стотици мртви жени, деца, бебиња… Млади луѓе наместо да се забавуваат и да уживаат во животот, се убиени, масакрирани, киднапирани, силувани, малтретирани, држени како заложници и затворени во некои темни и мрачни подруми и кафези… А зошто?! Зошто толкава омраза меѓу Палестинците и Израелците? Таа омраза за жал забрзано се разлева и низ целиот свет, особено во Европа, и веќе почнавме да гледаме поделби, инциденти, запалени објекти, па дури и убиства“, пишува Дехран Муратов во  „Уште колку крв ќе ве насити, о монструми!?“.

„Идентитет си е идентитет и тогаш кога не го препознаваш. Нема веќе тегли, буриња и посебно нема КАЦИ за туршија. Ги нема каците во подрумите, ама целата општествена сцена си ја направивме каца за туршија“, пишува Војо Маневски во Кацаризација.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ