• Latest

24 ЧАСА: Нула неевидентирани лица; финансиска поддршка за ученици и студенти; Владата пренамени 32,5 милиони евра за поддршка на 66 проекти во 44 општини

December 19, 2023

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Нула неевидентирани лица; финансиска поддршка за ученици и студенти; Владата пренамени 32,5 милиони евра за поддршка на 66 проекти во 44 општини

December 19, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Доделени изводи на неевидентирани лица во матичната книга на родените

Ставивме крај на еден горлив три децениски проблем којшто го имаа стотици граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени. Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не може да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца, едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми се веќе минато!, истакна премиерот Димитар Ковачевски, при доделувањето изводи на граѓани кои се родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната евиденција и немаа изводи на родени.

Досега, од 526-те предмети се решени 409, а се очекува останатите 117 граѓани својот извод да го добијат до крајот на оваа година.

Министерот за правда, Кренар Лога, нагласи дека овие лица повеќе нема да бидат маргинализирани.

„Нула неевидентирани лица. Прво место во Европа, и второ во светот кои го решаваат проблемот со неевидентираните. Овие лица нема повеќе да бидат маргинализирани, дискриминирани. Овозможен им е пристапот до здравствена и социјална заштита, образование и пристап до правдата“, рече министерот Лога.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Државата мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД, порача денеска шефот на државата Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА ВМРО-ДПМНЕ и Левица го поларизираат општеството со нивните радикални ставови. ВМРО декларативно кажува дека е за европска Македонија, дека биле првите кои го промовирале тоа во деведесеттите, меѓутоа практично на терен не остава таков впечаток. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде пречка за понатамошно вклучување на Македонија во ЕУ“, рече претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој смета дека ако одат со СДСМ во коалиција и ДУИ и другите албански партии можат само да и штетат на СДСМ.

ОБРАЗОВАНИЕ Министерството за образование и наука денеска ги објави повиците за финансиска поддршка за ученици и студенти. Со повикот за финансиската поддршка за ученици од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари месечно почнувајќи од декември ќе се исплаќаат  по 1. 200 денари за основците и од 1.800 денари за средношколците. Повикот е отворен до 26 декември.

ПОДДРШКА Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер, соопштија од ПР службата на претседателот. Тој изрази задоволство од стабилното и динамично македонско-американско пријателство, нагласувајќи дека македонското општество и граѓани особено ја ценат поддршката од САД. Во таа насока тој изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

САД загрижени дека Путин нема да застане на Украина, рускиот диктатор сега се заканува и на Финска

Изјавите на Путин дека Русија нема интерес да го нападне НАТО е многу слична на постојаните тврдења на Кремљ кон крајот на 2021 и почетокот на 2022 година – вклучително и до предвечерието на инвазијата – дека Русија немала намера да ја нападне Украина.

*

Украинското разузнавањето објави интересен документ од руската внатрешна воена комуникација во кој се вели дека руското Министерство за одбрана назначило нов командант на ракетниот крстосувач Москва, кој во тоа време веќе бил на дното на Црното Море, погоден од две украински противбродски ракети Нептун.

ИНТЕРВЈУ

Башким Селмани, професор на правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, по римско право, политички науки и меѓународен тероризам, во интервју за ЦИВИЛ Медиа отвора нови прашања, гледишта и сознанија за последиците од дезинформациите и лажната пропаганда, посебно во изборен контекст. Селмани даде и свои препораки за институционалното справување со дезинформациите, како алатка со која ќе се мерат причините и последиците на пропагандните и дезинформациските наративи, како и општествената свесност.

 

Професорот Селмани ги посочи и институциите кои, според неговите сознанија, не преземаат соодветни мерки кога се во прашање дезинформациите, на пример како што се социјалните мрежи, за кои вели дека се „море во кое секој може да се удави“.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ во соработка со Општина Центар денеска одржаа јавен мултимедијален настан на тема „Заедно за подобра иднина“, на кој беа изложени ликовни креативни творби од ученици од осум училишта од општината. Настанот се одржа во културниот центар „Јадро“.

Учениците преку цртежите ги изразија своите гледишта за тоа како треба да изгледа светот, како и најблиското опкружување, нагласувајќи ја почитта кон различностите. Една од најсилните пораки од младите уметници гласи „Исти сме, иако сме различни“.

За најуспешните цртежи, беа доделени симболични награди од страна на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, а претседателот на ЦИВИЛ им подели благодарници на учениците, менторите, училиштата и градоначалникот.

Настанот е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“, чија цел е промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата, со посебен фокус на младите.

Проектот „Заедно за подобра иднина“ ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ