ВЕСТ НА ДЕНОТ
Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост, приговорот на одбраната се одбива
Советот за оцена на обвинител акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое приговорот на одбраната за случајот „Онкологија” се одбива, а актот се одобрува.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Бислимовски вели дека нема да има промена на цената на електричната енергија
Оваа година во јуни се распишува тендер за универзалниот снабдувач ЕВН хоум. Тоа е отворен тендер, но вообичаено секогаш се јавува ЕСМ кој, факт е дека има далеку пониска цена од пазарната. Од најавите кои ги слушам најверојатно ќе се оди со истата цена од 62 евра за мегават/час, информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски. -Јас не очекувам дека ќе има промена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
РЕГИОН
Црна Гора ќе произведува дронови наменети за Украина
Владата на Црна Гора е подготвена да започне со производство на домашни дронови во партнерство со компанија со седиште во САД. Како што објави UNITED24, првата серија дронови ќе биде испорачана во Украина.
СВЕТ
Русија се приближува до 1 милион жртви во војната во Украина
Речиси 1 милион руски војници се убиени или повредени во целосната инвазија на Украина од страна на земјата, според нова студија, што е морничава мерка за човечката цена на неиспровоцираниот тригодишен напад на рускиот претседател Владимир Путин врз неговиот сосед
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Кој е вашиот став? Пишете ни во коментари или пораки. Учествувајте.
Подготви: Д. Мишев