• Latest

24 ЧАСА: Од утре 25 категории на производи ќе имаат најмалку 10 отсто пониски цени; Османи, Заев, Груевски со деманти за наводни тајни средби во Будимпешта; измени во Законот за ДДВ

September 19, 2023

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Од утре 25 категории на производи ќе имаат најмалку 10 отсто пониски цени; Османи, Заев, Груевски со деманти за наводни тајни средби во Будимпешта; измени во Законот за ДДВ

September 19, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата денеска на седница  донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.

„Од утре, па до 30 ноември годинава, 25 категории на производи, односно стотици прехранбени производи, ќе имаат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку што имале на 1 август годинава. Тоа го овозможува Одлуката за определување на највисоките цени во трговијата на мало што денеска на седница ја донесе Владата, а за овие производи трговците ќе имаат обврска да ги обележат со натписот „гарантирана цена“, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, листата на производи која е утврдена денеска ќе стапи во сила откако ќе биде објавена во Службен весник и ќе биде обврска за сите трговци на мало.

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ

Деманти за средби во Будимпешта

„Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“, објави на Фејсбук, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по прозивката од поранешниот член на „огнените“, а сега лидер на новоформираната партија – Демократско движење, Изет Меџити, кој упати јавно прашање до Османи дали бил во службена или приватна посетата во Будимпешта кога се сретна со Груевски.

„Не е точно дека сум имал тајни средби со Али Ахмети и Никола Груевски за Кривичниот законик, изјави поранешниот премиер Зоран Заев за ТВ 24, откако неговиот поранешен коалициски партнер Али Ахмети, истакна дека на тајни средби се догаварале контроверзните измени на Кривичен со кои паѓаат во вода делата за кои се гонат функционери.

„Никакви тајни средби немало за членот 353 на кои јас сум учествувал. Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодатвстото со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев“, дематираше и поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската пропаганда создаде лажна фотографија со професорите од националниот универзитет Иван Франко во Лвив и Борис Џонсон како поздравуваат со „нацистички поздрав“.

*

Минатава недела беа забележани спектакуларни украински напади на полуостровот Крим, погодувајќи руски воени бродови, подморница, ракетни системи. Проценките за направената штета изнесуваат милијарди фунти и го поставија прашањето: дали Украина се подготвува повторно да го преземе Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година?

*

Русија веќе го уништи количеството украинско жито кое би било доволно за да нахрани повеќе од 10 милиони луѓе за една година, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во својот воведен говор на 15-тиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗДРАВСТВО На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години.

РЕГИОН Работната група на српското Министерство за здравство за справување со состојбите од пандемијата на Ковид донесе препораки за постапување на ниво на примарната здравствена заштита и болничките установи, а една од нив е задолжителното носење заштитни маски во сите здравствени установи.

ЗАКОН Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за данок на додадена вредност, со кој се намалува стапката од 18% на 5% за прометот со менструални производи.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Курти со остри критики кон Лајчак за соработка со српската страна; Стејт Департментот на страна на Лајчак; во Албанија легализирани онлајн игрите на среќа

СЛОБОДНА ЗОНА

„Грамадата од луѓе, средства и механизми, Црвените нијанси и трансформации, во (секогаш) ЦРВЕНО, ја издигна догмата во триесеттите, а се пренесе и ја учеа генерации и по тоа: догмата не стана мит вон од Руската свест, а денес опоменува за политички далтонизам. Кога го прашав писателот, борец и дипломат Владо Малески, во ТВ Скопје за контекст во неговото дело „Езерко Дримски“, како ни се случи Голи оток кога веќе знаевме за методите на Сталинизмот, умниот интелект цинично заклучи: тогаш не познававме други методи, освен руските“, пишува Борко Зафировски во „Сите бои – ЦРВЕНО“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: влададемантизакон за ДДВруска пропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ