• Latest

24 ЧАСА: ОЈО отвори предмет за Арсовска; ЕУ да посвети внимание на случувањата во регионот; ДИК ги потврди претседателските кандидатури; ОБСЕ-ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија за двојните избори

March 21, 2024

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

May 20, 2025

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Фото: Херсонська обласна прокуратура

Во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден загина 1 цивил, повредени 13; бројот на повредени во Херсон се искачи на 10

May 20, 2025
Фото: Влада на РСМ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Новиот про – ЕУ претседател на Романија ја враќа надежта кај граѓаните, следува соочување со предизвиците – формирање влада, борба со корупцијата, инфлацијата, буџетскиот дефицит

May 20, 2025

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ОЈО отвори предмет за Арсовска; ЕУ да посвети внимание на случувањата во регионот; ДИК ги потврди претседателските кандидатури; ОБСЕ-ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија за двојните избори

March 21, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ОЈО оформи предмет за Данела Арсовска за незаконско назначување директор на МКЦ

Откако програмскиот колегиум на МКЦ ја доби и втората тужба против градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со правосилна одлука на Управниот суд, Основното јавно обвинителство оформи предмет.

Одлуката на Управниот суд е правосилна и против неа Арсовска нема право на жалба, а од Програмскиот колегиум велат дека имаат право да ги поништат сите одлуките, донесени од Алексов.

ИЗЈАВА НАДЕНОТ

Фриден: ЕУ мора да посвети внимание на тоа што се случува во регионот

„Европа е континент на мир, стабилност и просперитет и затоа е многу важно да се осигураме дека нема ги изгубиме луѓето од Западниот Балкан и ЕУ мора да посвети внимание на тоа што се случува во регионот.

Тие луѓе со години чекаат да се придружат на Европската Унија. Тие нема да ни се придружат утре, но преговорите им даваат надеж. Тоа е елементот што ги поттикнува реформите во овие земји и верувам дека на среден рок сите овие земји треба да се придружат на ЕУ“, изјави денеска луксембуршкиот премиер Лук Фриден при пристигнувањето на Самитот на ЕУ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

КАНДИДАТУРИ Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Република Северна Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди,  Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

ДЕБАТИ Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој ќе се трка за втор мандат на изборите на 24 април ги кани неговите шестмина противкандидати на две мастер дебати, кои би се одржале на почеток и на крајот од изборната кампања, која почнува на 4 април.

ИЗБОРИ Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР, по покана од властите во земјава денеска ја отвори набљудувачката мисија за претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април, односно на 8 мај.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Поддршката за Украина во справување со руската воена агресија, ситуацијата на Блискиот Исток, проширувањето на Унијата, безбедност, одбрана и надворешните односи на ЕУ, прашањата поврзани со миграцијата и земјоделството, како и рамката за социо-економските политики на блокот за 2024 година, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на Европската Унија што ќе се одржи денеска и утре во Брисел.
  • Од утрово нема руски воени бродови во водите на Азовското и Црното Море, објавија на Фејсбук поморските сили на Украина. Во Средоземното Море, Русија чува два брода, вклучително и еден носач на крстаречки ракети „Калибар“ со вкупно салво до осум ракети.
  • Масивен ракетен напад врз Кијив, повредени, уништени станбени згради, училишта, градинки, рускиот терор продолжува

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Говор на омраза, ситење и дезинформации за Мирко Попов откако заврши во болница

Експлицитен говор на омраза и ситење на партиските ботови откако познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов доби мозочен удар и се бори за својот живот во Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники.

КОНФЛИКТИ

  • Израел достави писмени гаранции до Вашингтон дека оружјето што му го дадоа САД не се користи во Појасот Газа со што би се кршело меѓународното хуманитарно право.
  • Соединетите Американски Држави подготвија нацрт-резолуција за Советот за безбедност на ОН со која се повикува на „итен прекин на огнот поврзан со ослободување на заложниците“ во Појасот Газа, изјави државниот секретар Антони Блинкен.
  • Во израелските напади врз Газа во изминатото деноноќие загинаа уште 65 Палестинци, билансот порасна на 31.988

СЛОБОДНА ЗОНА

„Да се промени мислењето и ставот, па дури и политичката ориентација – не е срамен чин, ако се следат чувството на праведност и вербата во демократските вредности. А особено ако некој сака да ги постави јавниот интерес или безбедноста на државата пред лојалноста кон една личност која е закана за фундаментите на демократијата и државните интереси.“, пишува Џабир Дерала во колумната  „МОЌТА НА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА: Предавници или шампиони на вредностите?“.

„Нема сомнение дека една од последните задачи кои ги имаше Иванов како претседател после симнувањето на Груевски од власта, беше да „регрутира“ партиски профилиран човек од редовите на униформираните, во војската, каде имаше надлежност. Изборот беше – Драган Ковачки, кој доби висока позиција.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „НИТУ ГЕНЕРАЛ, НИТУ МИНИСТЕР: Драган Ковачки, ефикасен само како бегалец од судски соочувања“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ