• Latest
ОБСЕ/ОДИХР - набљудувачка мисија 2024

ОБСЕ/ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија за изборите

March 21, 2024
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ОБСЕ/ОДИХР ја отвори набљудувачката мисија за изборите

March 21, 2024 12:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
ОБСЕ/ОДИХР - набљудувачка мисија 2024

ОБСЕ/ОДИХР - набљудувачка мисија 2024

Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и чевекови права – ОДИХР, по покана од властите во земјава денеска ја отвори набљудувачката мисија за претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат на 24 април, односно на 8 мај.

Амбасадорката Џилијан Стирк на денешната прес-конференција истакна дека ОДИХР работи во согласност со установена методологија за набљудување на избори.

Џилиан Стирк

-Во рамките на мисијата ќе се направи проценка дали изборите се во согласност со заложбите кон ОБСЕ и други меѓународни обврски, како и со националното законодавство. Имаме клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји учеснички на ОБСЕ. Станува збор за многу разнообразна група. Ќе бидеме во земјата и за претседателските избори и за парламентарните избори и ќе заминеме на 19 мај, изјави амбасадорката Стирк.

Додаде дека покрај главниот тим, ќе има група на долгорочни набљудувачи, вкупно 20 лица кои ќе бидат распоредени низ земјата во тимови од по двајца и тоа во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово и Штип, а два тима ќе има во Скопје, како и дека побарани се уште 300 краткорочни набљудувачи.

-Побаравме и 300 краткорочни набљудувачи коишто треба да пристигнат непосредно пред изборите. Неколку дена пред изборите ќе одат во избирачките места, ќе ги набљудуваат избирачите и процесот на пребројување на гласовите и сумирање на резултатите, посочи Стирк.

На новинарско прашање дали предоцна беа усвоени препораките на ОБСЕ/ОДИХР што се однесуваат на некои од измени на Изборниот законик, со оглед дека тие беа донесени пред само две недели и дали имаат време институциите да се подготват, шефот на набљудувачката мисија вели дека се уште се во фаза на анализирање.

-Имавме иницијален состанок со ДИК, но ова е нашиот прв работен ден како набљудувачка мисија па почнуваме со овие проценки. Свесни сме за работата и претходните препораки, но се уште не сме направиле целосна проценка. Се уште сме во фазата на анализирање, но секако ова е едно од нештата коишто ќе бидат анализирани во рамките на нашата набљудувачка мисија, односно дали претходните препораки се земени предвид, посочи шефот на мисијата во Скопје, Стирк.

Во однос на тоа дали е навистина зголемен бројот на набљудувачи и имаат ли некакви сознанија дека се очекуваат некакви конфликти, Старк нагласи дека бројот на набљудувачи се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите по реализираната посета во јануари годинава.

-Има два вида на избори коишто се случуваат во ист ден, па не е невообичаено да имаме голем број на набљудувачи и бараме голем број набљудувачи низ двата вида избори. Како што кажав, ова се заснова на препораките од мисијата за проценка на потребите, вели Стирк.

Мисијата ќе ги оценува изборите за нивната усогласеност со обврските на ОБСЕ и други меѓународни обврски и стандарди, како и усогласеноста со националната легислатива. Набљудувачите ќе го следат процесот на регистрација на гласачи, регистрациіа на кандидати, активностите на изборните кампањи, работата на изборната администрација и други релевантни државни органи, имплементацијата на легислативната рамка, политичко и кампањско финансирање и решавањето на изборните спорови. Тие исто така ќе ja оценуваат и имплементациата на претходно дадените препораки од ОДИХР. Сеопфатного следење на медиумите е составен дел на набљудувачката мисија.

Харис Сулејман

Tags: избориМисијанабљудувачиОБСЕ/ОДИХР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ