• Latest

24 ЧАСА: Отворена е истрага за безбедосниот настан на небото над Скопје; Радев на средбата со Силјановска Давкова очекува подобрување на добрососедските односи; Трамп бега од ново соочување со Харис

September 13, 2024

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Отворена е истрага за безбедосниот настан на небото над Скопје; Радев на средбата со Силјановска Давкова очекува подобрување на добрососедските односи; Трамп бега од ново соочување со Харис

September 13, 2024 17:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

Во пропишаниот рок, поднесена е пријава за безбедосниот настан на небото на Скопје што се случи на 7.месецов и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините, информира денеска Давателот на навигациски услуги М-НАВ,  по објавите за избегнат инцидент со судир на два авиона.

Од М-НАВ потенцираат дека таквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Радев: Очекувам конечно да се решат отворените прашања

„Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекувам овој дијалог да придонесе кон нашето културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка. Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската Унија“, изјави денеска претседателот на Бугарија Румен Радев пред средбата со претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова, која е во посета на Бугарија.

РЕГИОН

Во Бугарија се урна воен тренажен авион Л-39

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесуваат медиумите. За време на несреќата падобраните не се отвориле, а со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

СВЕТ

Трамп бега од нова дебата со Камала Харис, која води на анкетите и смета дека на избирачите им должат уште едно соочување

Доналд Трамп вчера изјави дека повеќе нема повторно да дебатира со потпретседателката Камала Харис, додека нејзината кампања соопшти дека примила донации од 47 милиони долари во 24 часа откако тие се сретнаа за прв пат, во вторникот вечерта. Харис рече дека таа и Трамп им „должат на гласачите“ повторно да се пресметаат.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и зошто политичарите ги злоупотребуваат верските чувства за создавање тензии?


СЛОБОДНА ЗОНА

„Пред некој ден една родителка се пожали дека во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани има дискриминација врз учениците Роми од страна на одредени наставници.

„На родителска една мајка истакна дека децата (Македонци) се отпишуваат од училиштето поради „циганските деца“. Наставничката (Анкица) секогаш ги става македонските дечиња напред, а ромските дечиња позади и ги учи родителите да ги префрлуваат децата во други училници, за да остане цел клас само со ромски ученици“, изјави Емилија Исаинова за Радио Кочани, а потоа и за ромската политичка партија АВАЈА“, пишува Дехран Муратов во колумната „А кој ќе одвои 5 минути да им објасни на родителите, наставниците и директорите дека нема „наши“ и „нивни“ деца (ученици)!?“.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ