• Latest

24 ЧАСА: Петровска во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес во НАТО; превозниците ќе имаат предност во замена на личните документи; нацистички симболи во двор на две училишта во Кочани

February 14, 2024

24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

May 21, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за стратешкиот договор со Велика Британија?

May 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

РЕАКЦИИ: Тоа не е војна, геноцид на палестинскиот народ, жално; Геноцид врз цивилно население, глад и убивање на цивили и обид за етничко чистење; Тоа е истребување на еден измачен народ, човештвото го достигна дното

May 21, 2025

Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

May 21, 2025
Украинската амбасадорка Лариса Дир на откривање на скулптурата „Горчливо сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир. Фото: ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Амбасадорката Дир: Овој споменик за Украинците има свето значење, тоа е спомен и оддавање почит на децата и возрасните кои беа погубени со глад во Украина, по јасна наредба од Кремљ

May 21, 2025
Воена вежба. Криволак, 10 март, 2023
фотографија: Ариан Мехмети

Во „Криволак“ војските на седум НАТО држави и две партнерски ќе имаат вежба од 26 мај до 9 јуни

May 21, 2025

По Кошта, в петок Каја Калас доаѓа во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

May 21, 2025

Кушч: Одбраната на информативниот простор на Украина е одбрана на демократијата во Европа

May 21, 2025
Градоначалникот Висар Ганиу на поставување на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир. Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Ганиу: Да не забораваме, да не бидеме рамнодушни, да бидеме секогаш глас на мирот и чин на совеста

May 21, 2025
фото: скриншот Х, Sulaiman Ahmed

Лекари без граници: Дозволената помош за Газа е „димна завеса“ за да се избегнат обвинувањата за изгладнување

May 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Петровска во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес во НАТО; превозниците ќе имаат предност во замена на личните документи; нацистички симболи во двор на две училишта во Кочани

February 14, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Петровска во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес во НАТО

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес (ВНЦ) на Северна Македонија во Одделот за јавна дипломатија на Алијансата.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој Договор овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односите со јавноста во Министерството за одбрана да дадат свој придонес кон развојот на областа за односите со јавноста во рамките на НАТО. Потпишаниот Договор е предаден на помошникот на генералниот секретар на НАТО, Скот Бреи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ако се појави како нужност, секогаш сме подготвени да излеземе во поддршка на кој било во приватниот сектор или јавниот сектор, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на прашањето дали ќе донесат иницијатива за предност на превозниците во замената на личните документи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ На првата посета на Брисел како премиер, Џафери им посочи на европратениците дека Владата во Северна Македонија, ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, во насока на забрзана европска интеграција.

ЕВРОПСКО ЗНЕМЕНЦЕ Претседателот на државава Стево Пендаровски порача дека Европската унија сериозно укажува на злоупотреба на можноста со европско знаменце и по кратка постапка да се носат закони, како што беше направено во областа на игри на среќа.  Воедно, тој одговори на обвинувањата од ДУИ дека „непотпишувањето на законот е приказни за мали деца“ и порача дека не смее да се повторува ваквиот начин на носење на закони.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Беспилотни летала на Украинската воена разузнавачка служба го погодија големиот руски десантен брод „Цезар Куников“ во Црното Море, соопштија разузнавачки извори за „Украинска правда“. Изворите додаваат дека операцијата резултирала со потонување на бродот.

*

Руските власти во вторникот покренаа кривична постапка без преседан против естонската премиерка Каја Калас, обвинение за кое се тврди дека е политички мотивирано.

АЛ-ПРЕС

Во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Албанија, Заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Јури Ким посочи дека неговата посета ќе биде фокусирана на иднината на Албанија, иднината на Западен Балкан и на Европа“, пишуваат албанските медиуми.

Министерството за внатрешни  работи на Велика Британија  ќе им плати на познати личности да објавуваат пораки за подигање на свеста на „Тик Ток“, повикувајќи ги мигрантите да не го преминуваат Каналот со гумени чамци.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

ЕДУКАЦИЈА Хибридно војување

Не постои универзална дефиниција за хибридната војна. Тоа е теорија на воена стратегија во која се користи политичко војување и ги спојува конвенционалното и неконвенционалното војување.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите во неколку локации во Скопје.

Активист(к)ите на ЦИВИЛ дистрибуираа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, на плоштадот „Македонија“ и во „Градски парк“ во Скопје.

СЛОБОДНА ЗОНА

  • ЦИВИЛ Мониторинг тимот регистрира голем број неонацистички симболи во радиус од само дваесетина метри во дворот на две училишта во Кочани.
  • Институциите молчат или ја префрлаат одговорноста на други. 
  • Што значат симболите на ѕидовите во Кочани? 

Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки го „красат“ училишниот двор на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ и средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, кои екипата на ЦИВИЛ ги забележа и документира на 3 декември 2023 година. Тогаш започнува ова истражување.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ