• Latest
Нацистичкиот симбол е нацртан и на едно дрво во дворот на училиштата во Кочани. Забележано на 3 декември 2023 година, потврдено со теренска посета на 13 февруари 2024 година. (фото: ЦИВИЛ)

Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки во дворот на две училишта во Кочани

February 14, 2024
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ ИСТРАЖУВАЊА

Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки во дворот на две училишта во Кочани

February 14, 2024 12:28
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИСТРАЖУВАЊА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Нацистичкиот симбол е нацртан и на едно дрво во дворот на училиштата во Кочани. Забележано на 3 декември 2023 година, потврдено со теренска посета на 13 февруари 2024 година. (фото: ЦИВИЛ)

Нацистичкиот симбол е нацртан и на едно дрво во дворот на училиштата во Кочани. Забележано на 3 декември 2023 година, потврдено со теренска посета на 13 февруари 2024 година. (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter
  • ЦИВИЛ Мониторинг тимот регистрира голем број неонацистички симболи во радиус од само дваесетина метри во дворот на две училишта во Кочани.
  • Институциите молчат или ја префрлаат одговорноста на други. 
  • Што значат симболите на ѕидовите во Кочани? 

Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки го „красат“ училишниот двор на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ и средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, кои екипата на ЦИВИЛ ги забележа и документира на 3 декември 2023 година. Тогаш започнува ова истражување.

 

1 of 9
- +
Kochani, nazi symbols

Голем број неонацистички симболи во радиус од дваесетина метри. Кое е нивното значење? 

Во радиус од само дваесетина метри, се бележат десетици симболи на нацизмот, неонацизмот и други екстремистички пораки, во амбиент во кој секојдневно има деца и млади.

Тимот на ЦИВИЛ забележа дека, покрај бројните кукасти крстови и други нацистички симболи ја има и пораката „Fuck the Jews“ (Е** ги Евреите).  Присутен е и пентаграмот, пагански симбол кој, со појавата на христијанството, бил прогласен за сатански.

На повеќе места на ѕидовите во дворот кој го делат училиштата, испишан е и бројот 88. Симболот „88“ нео-нацистите го користат како кратенка за нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“. Буквата Х е осмата буква од латиничниот алфабет, така што 88 = ХХ = „Хајл Хитлер“.

Често, овој број се поврзува со бројот 14, на пр. 14/88, 14-88 или 1488 година; овој број ги симболизира четиринаесетте зборови чиј автор е Дејвид Лејн, истакнат бел врховист: „Ние мора да ја обезбедиме егзистенцијата на нашите луѓе и иднината на белите деца“. Исто така, може да се однесува на друг слоган со 14 зборови: „Затоа што убавината на белата Ариевка не смее да исчезне од земјата“.

Примери за употреба на 88 ја вклучуваат песната „88 Rock ‘n’ Roll Band“ од Ландсер и организациите Колона 88 и Одделение 88.

Нацистичките називи се забранети за здруженијата, фондациите и партиите

Употребата на нацистичките симболи и негирањето на Холокаустот се забранети во најголем дел на демократскиот Запад. Особено строго се забранети во Германија. И Северна Македонија е дел од тие земји.

Во 2022 година, се заострува законската регулатива во овој домен, откако парламентот ги донесе измените на Законот за здруженија и фондации, според кои, клубови, фондации и здруженија. Тие не може да се регистрираат ако со називот повикуваат на континуитет на фашизам и нацизам. Идентични измени беа изгласани и во Законот за политички партии. Законските измени беа донесени со 67 гласа ЗА, без гласови против и без воздржани. Нешто помалку од половината пратеници, иако уредно поканети на таа седница, не гласаа воопшто. 

Нацистичките симболи се забранети во земјата.

Прашања, одговори и молк

На 9 јануари 2024, ЦИВИЛ достави прашања до двете училишта, до градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов и до Министерството за внатрешни работи. Прашањата се однесуваа на тоа дали се запознаени со кукастите крстови и дали имаат намера да преземат нешто во врска со тие нацистички симболи и пораки.

Пет недели подоцна, до објавување на овој прилог на 14 февруати, ЦИВИЛ доби одговор од некои, но од некои и не. За квалитетот на одговорите, нека суди јавноста.

Од СОУ„Љупчо Сантов“- Кочани изјавија дека недлоичните симболи и пораки, испишани во рамки на нивниот дел од дворот и училиштето веднаш биле избришани по посетата на екипата на ЦИВИЛ.

„Во врска со Вашето прашање, Ве известуваме дека од страна на вработениот технички персонал во нашето училиште СОУ„Љупчо Сантов“-Кочани, веднаш штом беа забележани наведените нацистички крстови се отстранети. Местото каде биле истите нацртани (трибините на училишниот двор и спортската сала) истите места се на користење на ОУ „Св.Кирил и Методиј“, Кочани“, се вели во изјавата на средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ за ЦИВИЛ.

Со теренска проверка, Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (на 13.02.2024) утврди дека се избришани дел од нацистичките симболи и пораката „Fuck the Jews“ (Е** ги Евреите) и пентаграмот кои беа испишани на трибината на училишниот двор. Меѓутоа останатите нацистички симболи околу училишниот двор сè уште се присутни.

Нова фотографија: Само еден мал дел од симболите е префарбан во меѓувреме. Останатите десетици симболи сè уште се таму (фото ЦИВИЛ, 13.02.2024)

Од МВР ни одговорија дека досега нема пријава до ОВР Кочани од страна на училиштата и во тој случај полицијата не може да интервенира во однос на нацистичките симболи.

„Полицијата постапува само ако има пријава. Доколку училиштата или некој друг пријави дека има кукасти крстови во дворот на училиштето, во тој случај полицијата може да реагира, но досега немаме никаква пријава“, велат од МВР за ЦИВИЛ.

Од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ и градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, до објавување на текстот НЕ ДОБИВМЕ ОДГОВОР.

Ваквите нео-нацистички пораки и симболи не се добродојдени во едно демократско општество какво што е нашето. Меѓутоа, за жал, сведоци сме дека, и покрај законските забрани, институциите и политичарите не преземаат ниту конкретни мерки, а ниту ги осудуваат ваквите појави кои, во најголем дел од демократскиот свет, наидуваат на остра осуда од јавноста и решителни мерки и санкции од институциите.

ЦИВИЛ Мониторинг тим

Tags: антисемитизамекстремизамКочанинеонацизам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ