ВЕСТ НА ДЕНОТ
Петровска во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес во НАТО
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес (ВНЦ) на Северна Македонија во Одделот за јавна дипломатија на Алијансата.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој Договор овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односите со јавноста во Министерството за одбрана да дадат свој придонес кон развојот на областа за односите со јавноста во рамките на НАТО. Потпишаниот Договор е предаден на помошникот на генералниот секретар на НАТО, Скот Бреи.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Ако се појави како нужност, секогаш сме подготвени да излеземе во поддршка на кој било во приватниот сектор или јавниот сектор, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања на прашањето дали ќе донесат иницијатива за предност на превозниците во замената на личните документи.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИНТЕГРАЦИИ На првата посета на Брисел како премиер, Џафери им посочи на европратениците дека Владата во Северна Македонија, ќе продолжи со истата динамика, посветеност и навременост да ги спроведува сите процеси и обврски кои произлегуваат од започнатите пристапни преговори со Европската Унија, во насока на забрзана европска интеграција.
ЕВРОПСКО ЗНЕМЕНЦЕ Претседателот на државава Стево Пендаровски порача дека Европската унија сериозно укажува на злоупотреба на можноста со европско знаменце и по кратка постапка да се носат закони, како што беше направено во областа на игри на среќа. Воедно, тој одговори на обвинувањата од ДУИ дека „непотпишувањето на законот е приказни за мали деца“ и порача дека не смее да се повторува ваквиот начин на носење на закони.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Беспилотни летала на Украинската воена разузнавачка служба го погодија големиот руски десантен брод „Цезар Куников“ во Црното Море, соопштија разузнавачки извори за „Украинска правда“. Изворите додаваат дека операцијата резултирала со потонување на бродот.
*
Руските власти во вторникот покренаа кривична постапка без преседан против естонската премиерка Каја Калас, обвинение за кое се тврди дека е политички мотивирано.
АЛ-ПРЕС
Во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Албанија, Заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Јури Ким посочи дека неговата посета ќе биде фокусирана на иднината на Албанија, иднината на Западен Балкан и на Европа“, пишуваат албанските медиуми.
Министерството за внатрешни работи на Велика Британија ќе им плати на познати личности да објавуваат пораки за подигање на свеста на „Тик Ток“, повикувајќи ги мигрантите да не го преминуваат Каналот со гумени чамци.
Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.
ЕДУКАЦИЈА Хибридно војување
Не постои универзална дефиниција за хибридната војна. Тоа е теорија на воена стратегија во која се користи политичко војување и ги спојува конвенционалното и неконвенционалното војување.
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите во неколку локации во Скопје.
Активист(к)ите на ЦИВИЛ дистрибуираа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани, на плоштадот „Македонија“ и во „Градски парк“ во Скопје.
СЛОБОДНА ЗОНА
- ЦИВИЛ Мониторинг тимот регистрира голем број неонацистички симболи во радиус од само дваесетина метри во дворот на две училишта во Кочани.
- Институциите молчат или ја префрлаат одговорноста на други.
- Што значат симболите на ѕидовите во Кочани?
Кукасти крстови, нео-нацистички симболи и антисемитски пораки го „красат“ училишниот двор на основното училиште „Св.Кирил и Методиј“ и средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, кои екипата на ЦИВИЛ ги забележа и документира на 3 декември 2023 година. Тогаш започнува ова истражување.
Д. Муратов