• Latest

24 ЧАСА: Планот за раст-најамбициозен механизам на ЕК за интеграција на земјите од Западен Балкан; правни можности за отстранување на таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија; лажни вести за наводни киднапери на деца

November 17, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Планот за раст-најамбициозен механизам на ЕК за интеграција на земјите од Западен Балкан; правни можности за отстранување на таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија; лажни вести за наводни киднапери на деца

November 17, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Земјите од Западен Балкан добиваат силна алатка за спроведување на реформите на европскиот пат преку Планот за раст на Западен Балкан, кој ќе овозможи поврзаност, поддршка на реформи и финансиска поддршка во вид на грантови и заеми. Генералниот директор на Директоратот за проширување Јан Копман, по претставување на планот пред министрите од регионот, денеска во Скопје порача дека Планот за раст треба да ги удвои економиите на земјите од регионот, така што, од моменталните шест илјади евра просечниот БДП по глава на жител, за десет години да биде 12 илјади евра. Од шест милијарди евра за Западен Балкан, скоро 860 милиони на располагање за Северна Македонија.

Копман, на заедничката прес-конференција по завршување на Регионалниот министерски состанок изрази честитки за енергијата, посветеноста и далековидоста, порачувајќи дека ова претставува одличен старт, најавувајќи дека разговорите продолжуваат следната недела во Брисел. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, порача дека Планот за раст е најамбициозниот механизам на ЕК во досегашниот процес за интеграција на земјите од Западен Балкан и со него за првпат ќе имаме резервирани пари за реформи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Таксата за транспорт на руски гас низ Бугарија во износ од повеќе од 10 евра за мегават час е нелегална. Се работи за нелегално воведена такса која треба да се отстрани или да биде зголемен капацитетот на постоечкиот гасовод со што би се овозможило земјава да се снабдува од други извори. Ние ќе ги искористиме сите правни можности кои и се даваат на една суверена држава и пред ЕУ и пред другите меѓународни институции. Сите сакаат да кажат дека тоа е такса која ја воведе Бугарија. Тоа е точно. Но, мораме да знаеме дека Бугарија е членка на ЕУ и не може таа од утрото да биде земја – членка на ЕУ кога ќе стави на пример вето, а попладне да не биде членка и потоа да воведе такса од 10 евра за гасот кој се транспортира низ Бугарија“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Откако руските сили претрпеа серија сериозни неуспеси во изминатиот месец, според тврдењето на украинските вооружени сили дека убиле стотици војници и уништиле вредна опрема, оваа недела се соочија со уште понеочекувана закана, откако на социјалните мрежи се појавија извештаи дека дива свиња пресретнала и нападнала руски диверзанти на северот на Украина, при што загинало едно лице.

*

Голема контраофанзива на украинските вооружени сили кон Крим ќе се случи по снабдувањето со западните авиони – ловци, смета украинскиот новинар и воен набљудувач Александар Кушнар. Кампањата на украинските одбранбени сили кон Крим е одложена до 2024 година, напиша украинскиот воен набљудувач Александар Кушнар на својот блог на Телеграм. Тој посочи три стратешки цели на Вооружените сили на Украина за следната година, кои, според неговите зборови, се меѓусебно поврзани.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ФОРУМ Дебатите за Европа продолжуваат со Втората скопска дебата за Европа (17-19 ноември). Скопското продолжение на дебатите започнува денеска во 18:30 часот во Чифте Амам, Скопје. На првата дебата „Косово меѓу геополитичкиот знак и конфликтната реалност“ вечерва во Чифте амам ќе говорат Соња Бисерко (Србија), Ветон Сурои (Косово) и Сергеј Лебедев (Русија; во егзил).

СОБРАНИЕ Пратениците на Европскиот сојуз за промени информираа дека нивен кандидат за член на ДИК е Адбуш Демири.

БЕЗБЕДНОСТ Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна новоименуваниот специјален пратеник на Франција за Западниот Балкан, Рене Троказ, на тема безбедносната состојба во регионот, потребата од интензивирање на евроинтеграциските процеси, како и развојот на македонско-француската одбранбена соработка.

МУЛТИКУЛТУРА

На Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, ЦИВИЛ и Општина Чаир во заедничка соработка одржаа мултимедијален настан „Заедно за подобра иднина“.  Пред Општината беа изложени ликовните творби на ученици од 9 основни училишта од Општина Чаир. Учениците твореа на тема мултикултура, еднаквост и толеранција. На сите учесници им беа доделени награди од Општината и сертификати за учество од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ повикува да се стави крај на војните и доследно почитување на меѓународното право, принципите за толеранција и човековите права и слободи

ЦИВИЛ ги повикува и институциите на државата, Република Северна Македонија, да го искористат овој ден и да рефлектираат за принципите на толеранцијата, за мултиплицирање на успешните приказни, но и да ги согледаат недостатоците во политиките и практиките во оваа исклучително важна област за општествено политичкото живеење на земјата. Воедно, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да се придржуваат кон принципите на толеранцијата, што подразбира почит за различностите и човековите права и слободи на сите, без оглед на потеклото, припадноста, определбите и ориентацијата на секој поединец или група во општеството.

ИНТЕРВЈУ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Втор дел од интервјуто со Ветон Сурои за ЦИВИЛ МЕДИА: Формирањето на „Ветевендосје“ во Албанија и Северна Македонија не е добар рецепт за добрососедство

 

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

„Инфо инфо, пред само 20 минути спасивме 5-6 деца на улица „Чегевара“ кај школото „Браќа Рамиз и Хамид“ (Шуто Оризари). Ова сиво комбе е вистинско има крадци, за да ги киднапираат прво застанаа и тргнаа кон нив, едно од децата од страв се онесвестил. Пазете ги вашите деца“, гласи објавата на Фејсбук од извесен профил Леон Селма. Оваа објава е всушност дезинформација, и е објавена на 12 ноември, во 21:09 часот која за кратко стана вирална на социјалните мрежи и предизвика страв и паника кај граѓаните. Досега има над 1.400 споделувања“, се вели во извештајот на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ „Лажни објави на социјалните мрежи за наводни киднапери на деца во Шуто Оризари“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Да, вие од политиката, од партиите политички сте провокацијата, вие, кажано во оваа една реченица, кои плукате по симболите на единствената и, нели, заедничка држава, вие кои по некогаш правно, а најчесто бесправно и главно од популистички побуди за вашиот партиски рејтинг, отворате музеи, градите цркви и џамии, подигнувате крстови, сите вие на кои граѓаните гласачи сме ви само една од вашите партиски алатки, вие кои предизборно дозирате етнички антагонизми и кои чувствата на верниците ги вградувате во вашите изборни кампањи, кои протежирате анархии… “, вели Зоран Иванов ПО ДОПРЕН ГЛАС.

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ветон СуроиДневниклажни вестиМеѓународен ден на толеранцијаРегионален министерски состанокруски гас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ