• Latest

И ДИВИТЕ СВИЊИ ПРОТИВ РУСИТЕ: Вепар уби руски саботер во Украина

November 17, 2023

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

И ДИВИТЕ СВИЊИ ПРОТИВ РУСИТЕ: Вепар уби руски саботер во Украина

Откако руските сили претрпеа серија сериозни неуспеси во изминатиот месец, според тврдењето на украинските вооружени сили дека убиле стотици војници и уништиле вредна опрема, оваа недела се соочија со уште понеочекувана закана, откако на социјалните мрежи се појавија извештаи дека дива свиња пресретнала и нападнала руски диверзанти на северот на Украина, при што загинало едно лице.

November 17, 2023 12:37
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Недалеку од нуклеарната централа во Чернобил, дива свиња придонела за смртта на руски саботер. Припадници на руската субверзивна разузнавачка група кои се обиделе да навлезат на украинска територија добиле повеќе отколку што се надевале откако се соочиле со диви свињи и биле принудени да побегнат. Еден од војниците, наводно загинал.

Руските сили кои претрпеа серија сериозни неуспеси изминатиот месец, според тврдењето на украинските вооружени сили дека убиле стотици руски војници и уништиле вредна воена опрема, оваа недела се соочија со уште понеочекувана закана, откако на социјалните мрежи се појавија извештаи дека дива свиња пресретнала и нападнала руски диверзанти на северот на Украина, при што загинало едно лице.

Како што пренесува украинскиот портал Диалог.уа, на 14 ноември 2023 година, украинска „патриотска“ дива свиња неутрализираше руска диверзантска и извидничка група на границата со Белорусија.

Недалеку од нуклеарната централа Чернобил, руска диверзантско-извидувачка група, откако ја напушти територијата на Белорусија, наиде на стадо диви свињи. Но, бидејќи Русите не можеле да пукаат во животните за да не се оддадат, почнале да бегаат. Една од „патриотските“ диви свињи конечно го стигна рускиот војник. Од судирот со жестокото животно, окупаторот паднал и со главата удрил во камен, објави рускиот телеграмски канал „Кремљ Snuffbox“. Како резултат на неуспешна средба со дива свиња, рускиот разузнавач починал на лице место. Неговите соборци морале да го сокријат телото на починатиот, бидејќи не можеле да го евакуираат. Изворот наведува и дека разузнавачката група планирала да спроведе диверзантска операција во зоната Чернобил. Но, сè уште не се знае дали тоа е некако поврзано со функционирањето на нуклеарната централа Чернобил, која не работи повеќе од 20 години.

Полската ТВП Ворлд. повикувајќи се на руски Телеграм канал, објави дека руската група за одговор при катастрофи (ДСГ) се обидела да влезе во зоната на исклучување на Чернобил во северна Украина. Сепак, окупаторите не стигнале далеку откако биле запрени од диви свињи.

„Во еден момент групата минуваше низ шумата и наиде на стадо диви свињи кои шетаа таму. Не беше возможно да се пука во животните, бидејќи гласните звуци од истрелите може да го издадат нивното место на живеење. Вепарите успеале да стигнат до еден од војниците. По судир со едно од животните тој паднал и со главата удрил во камен. Починал на лице место“, се наведува на профилот на Телеграм.

Тимот за проверка на факти на Њузвик, оценува дека тврдењето најверојатно е веродостојно, иако, без дополнителни информации со кои би помогнале да се потврди тврдењето, не може со сигурност да се утврди  вистинитоста.

За разлика од другите стории од анонимни руски Телеграмски канали, тука нема фантастични детали или украси, иако не е јасно објаснето зошто, наводно, саботери биле на локацијата во Чернобил.

Местото на централата во Чернобил и нејзиното околно земјиште доживеа експанзија од диви животни по нуклеарната катастрофа во 1986 година, со зголемени популации на диви свињи, меѓу другите видови. Вепарите, според националните паркови, може да нападнат ако бидат заглавени во агол, се чувствуваат загрозени или се испровоцирани да ги заштитат своите млади.

Драган Мишев

Tags: дива свињаруска агресија врз Украинаруска диверзантска групаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ