• Latest

24 ЧАСА: (По) Денот на албанското знаме: Апсења, осуди, говор на омраза, палење на знамиња; Македонија е во тунел без излез на патот кон ЕУ; Советот на ЕУ ја именуваше новата Европска комисија

November 29, 2024
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

August 9, 2025

Трговците, производителите и дистрибутерите на средба кај Дурмиши за цените на храната

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот од Firstpost

Нагасаки одбележува 80 година од атомскиот напад

August 9, 2025
Фотографија: Википедиа

Администрацијата на Трамп бара 1 милијарда долари од Универзитетот Калифорнија за враќање на федералното финансирање

August 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски за средбата Трамп-Путин: Украина нема да ја даде својата територија на окупатори

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

24 ЧАСА: (По) Денот на албанското знаме: Апсења, осуди, говор на омраза, палење на знамиња; Македонија е во тунел без излез на патот кон ЕУ; Советот на ЕУ ја именуваше новата Европска комисија

November 29, 2024 17:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Денот на албанското знаме: Од достоинствени прослави, до сквернавење на државно знаме

Во вечерните часови, денот на знамето беше одбележан со колони возила со развеани албански знамиња низ неколку општини во земјава, а во текот на прославата се случија и неколку инциденти во кои беше газено и палено знамето на Република Северна Македонија, што предизвика осуда од политичките претставници на различни партии, но и од голем дел граѓани од сите етнички заедници, вклучувајќи ги и Албанците.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и Левица ги осудија инцидентите со сквернавењето на македонското знаме во текот на вечерните прослави.

Од Јавното обвинителство соопштија дека преземаат дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, информираат од ЈОРСМ.

Од МВР јавуваат дека до сега се приведени осум лица кои учествувале во инцидентите кога, по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик што се однесува на „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ за што е предвидена казна затвор од минимум една година.

ЦИВИЛ –Центар за слобода во соопштение до јавноста упати остра и недвосмислена осуда за инцидентите со палење на државното знаме во кои беа инволвирани млади луѓе, вклучително и малолетници, под влијание на опасната националистичка реторика.

„Овие дела не само што симболизираат деструктивност и непочитување на принципите на соживотот и мултикултурализмот, туку и ја продлабочуваат омразата и поделеноста во нашето општество.“, порачуваат од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ упати повик до сите одговорни институции, лидерите во заедниците, но и родителите, просветните работници, граѓанските организации и сите одговорни и достоинствени луѓе да преземат итни мерки за промовирање на толеранцијата и да преземат итни чекори за интензивна едукација против омразата по било која основа.

По синоќешните инциденти, на социјалните мрежи не изостанаа ниту коментарите со говор на омраза, кои мониторинг тимот на ЦИВИЛ ги архивира и по кои, како што е вообичаено, ќе излезе со јавен извештај, анализи и препораки.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Георгиевски: Владата покажува тотална безидејност, Македонија е во тунел без излез на патот кон ЕУ

Корубин: СДСМ веднаш да ги предложи уставните амандмани и ќе видиме како ќе одговори власта

Величковски: Инсистирањето на „црвени линии“ и барањето “гаранции“ како вештачки теми ќе траат се до првата посериозна економска нестабилност или економска слабост на Владата

РЕГИОН

Бугарија ниту по осми пат не успеа да избере претседател

Ниту по осмиот обид, 51. состав на Народно собрание на Бугарија не избра свој претседател, јави БТА, пренесе МИА.

Во вториот круг гласање се соочија Наталија Киселова од „БСП-Обединета левица“ и Силви Кирилов од „Има таков народ“, но ниту еден од нив не доби потребен број гласови.

СВЕТ

Советот на ЕУ ја именуваше новата Европска комисија

Советот на ЕУ ја именуваше новата Европска комисија со мандат за периодот од 1 декември 2024 до 31 октомври 2029 година, отако претходно во средата таа беше одобрена и од Европскиот парламент со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“, пренесе МИА.

Со ова заврши и формалната процедура за изборот на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен, со што таа ќе може официјално да стапи на должност в недела.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што очекувате од новогодишната потрошувачка кошничка?

СЛОБОДНА ЗОНА

„29-ти ноември, датум кога во еден студен зимски ден пред 83 години, во едно антифашистичкото време во босанското Јајце, е зачната државата Македонија која низ тригодишни романтизми и хероизми, низ битки и жртви, низ крварења и страдања, сега во еден жежок летен асномски ден 44-тата, го вдиша првиот здив и го воскликна својот историски државотворен живот и, да, кажано и во оваа една реченица, тогаш се случи државата Македонија, а се случи затоа што, за среќа на Македонија, тогаш ја немаше ВМРО и, посебно што, со таа своја партиска антимакедонска доктрина, ич ја немаше и ДПМНЕ“, пишува Зоран Иванов.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ