• Latest

Приведени осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти по повод Денот на албанското знаме

November 29, 2024

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Приведени осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти по повод Денот на албанското знаме

November 29, 2024 12:53
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик којшто се однесува на „предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ за што е предвидена казна затвор од минимум една година, пренесе МИА.

Тошковски рече дека сите се млади лица на возраст од 18 до 21 година, а еден од нив е малолетник.

– Тие се приведени, се наоѓаат во полициска станица и по насока на јавен обвинител по итна постапка ќе бидат изведени пред лицето на правдата, односно согласно информациите коишто ги имам, ќе бидат изнесени пред суд, а потоа судот ќе одлучи во рамки на своите законски надлежности, рече Тошковски.

Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови. Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.

– Благодарност до сите совесни граѓани кои на социјални мрежи споделија ваков тип на несакани дејствија заради тоа што еден од кривично правните настани ги расветливме по добиена снимка од социјални мрежи. Морам тоа да го напоменам. И оној кој го кине знамето, а притоа има едно црвено возило во позадина лицето е уапсено. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка, рече Тошковски.

Најави дека за секој за кого ќе се обезбедат докази ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Полицијата, како што додаде, одговорила соодветно и професионално.

– За среќа жртви немавме, тешки телесни повреди немавме, за среќа не се оствари посакуваното сценарио на некои недобронамерници да ја инволвираат полицијата во рамки на одредени настани на начин на којшто тие сметаа дека треба да биде инволвирана полицијата, рече Тошковски.

Според него, ова се инциденти што се случиле од страна на млади луѓе кои треба да одговараат, но, како што рече, не смееме да дозволиме подгревање на меѓуетнички тензии од ниту една националност.

– Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвикаат какво било сценарио за дестабилизација на државата, жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици, рече Тошковски.

Вчера, со автомобили со развеани знамиња на Албанија по улиците на Скопје и во други градови во земјата се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимките што синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил.

Политичките партии го осудијат чинот на сквернавењето на македонското знаме и побараа сторителите да бидат откриени и казнети по закон.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ