Ниту по осмиот обид, 51. состав на Народно собрание на Бугарија не избра свој претседател, јави БТА, пренесе МИА.
Во вториот круг гласање се соочија Наталија Киселова од „БСП-Обединета левица“ и Силви Кирилов од „Има таков народ“, но ниту еден од нив не доби потребен број гласови.
Киселова доби 87 гласа „за“, 61 „против“, а 88 се воздржаа. При повторното гласање, побарано од Божидар Божанов од „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, 87 пратеници гласаа „за“, 60 беа „против“, а 90 се воздржаа. Божанов изјави дека поддршката за претседател зависи од спроведување на санитарниот кордон за Делјан Пеевски.
Киселова беше поддржана од ГЕРБ-СДС и „БСП-Обединета левица“, додека „ДПС-Нов почеток“, „Има таков народ“ (ИТН), „Морал, единство, чест“ (МЕЧ) и еден пратеник од ГЕРБ-СДС гласаа против. Пратениците од „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“, „Преродба“ и „Алијанса за права и слободи“ (АПС) се воздржаа.
Силви Кирилов освои 99 гласа „за“, 112 „против“ и 26 воздржани. Повторното гласање покажа исти резултати.
Претседавачот Кирилов по консултациите објави дека следната седница ќе се одржи в среда, 4 декември, во 11:00 часот.