• Latest
Војо Маневски

Лошо скроената облека сами си ја сошивме

April 22, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лошо скроената облека сами си ја сошивме

За која и тема да се зафатиш, негативноста во анализата е императив. Како сé да е пропаднато и сега ни преостана само да чекаме некаков месија да ни донесе светлост. Како стигнавме до ваквата состојба?

April 22, 2026 11:17
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Војо Маневски

Пишувањето е тешка работа, ако сакаш некој  да го прочита тоа што си го напишал. Уште потешко е да почнеш да пишуваш за состојбите околу тебе, а не сакаш да си дел од градењето на општата апатија и сивило. За која и тема да се зафатиш негативноста во анализата е императив. Како сé да е пропаднато и сега ни преостана само да чекаме некаков месија да ни донесе светлост.

Како стигнавме до ваквата состојба?

Да си признаеме дека не сѐ снајдовме во алгоритмите кои други ги определуваа како императив, ама и ние помогнавме во шиењето на денешнава облека во која сме облечени. Некако ни е и претесна и преширока, и црна и шарена.

Но, реков дека одбивам да бидам дел од сеопштото хорско пеење дека нема излез од состојбиве. Гледам дека денес е модерно да се обвинуваат граѓаните за политичкиот избор што го направиле или за заблудите од кои не успеваат да се ослободат. И многу поголеми народи со подолга државна традиција се во слична положба. Слободниот пазар и неговите безмилосни законитости ќе го уништат токму него, а ние му доаѓаме како колатерална штета. Слободниот натпревар меѓу нееднакви учесници доведе до енормно раслојување на населението во светот и негово нужно движење кон северниот дел на планетата. Последиците допрва ќе ги почувствуваме, ама околу тоа се пишуваат цели томови на анализи и не е нужно моево писание.

Ќе го чекаме ли месијата во облик на евро комисијата и фондовите кои какао маана ги очекуваме. Научивме ли нешто од досегашниве три децении организирање на независна држава? Изгледа по нешто и сфативме. Освен неинвентивниот и не многу корисен дел од населението кој смета дека само на државни јасли може да преживее, сфативме дека  политичарите не можат да ни донесат решенија за подобрување на состојбите. Денешните политичари се резултат на тој дел од населението кое смета дека врв на човечкото постоење е седење во канцеларија и планирање од еден продолжен викенд до следниот таков неработен ден. Како другите да се многу работни па тие биле неработни!

Ме радува што се јавува оној дел од општеството во кој и најмногу е вложен со предлози за нови модели на организирање на стопанството на социјалата па дури и политиката, иако во тој последниот дел жабокречината е толку густа што изгледа чиста вода со мака ќе навлезе.

Од скори четири илјади универзитетски професори и седум и пол илјади доктори на науки, некои почнаа сериозно да изнесуваат предлози кои се научно поткрепени.

Во следните колумни ќе пишувам за другите сектори, а овој пат ќе се задржам на стопанството како целина. Јасно е дека мала и отворена економија со евтина работна сила е модел кој сега е завршена приказна. Безмилосна е конкуренцијата на пазарот на труд и ако не направиме нешто во блиска иднина ќе останеме и без граѓани и без стопанство.

Кире Миноски почна со стручна анализа и конкретни мерки на неколку точки од економијата кои се итни. Дебатата некако спласна, но вреди да се размисли за неговите предлози. Да не се очекува од изградбата на станови и сообраќајна инфраструктура голем раст на БДП, е изјава на проф. Узунов. Тоа досега беше недопирлив постулат на старите економски теории и школи. Инвестициите во здравството и образованието се поголеми услови за поголем раст.

Директните странски инвестиции според досегашната пракса на привлекување на инвеститори од секаков вид и потекло досега не смееше да се доведува во прашање. Сега гледам дека младите економисти почнаа со своето информатичко знаење да истражуваат колку е вложено, а колку е изнесено и колку е ефективата од таквите инвестиции. Ако се остави само на политичарите да одлучуваат сама за оваа проблематика без критика тие ќе доведуваат разни загубари од светот ка се сликаат со нив и на крај ќе излезе дека сме подигале со својот труд туги економии, а ние сме добиле трошки колку да преживееме до новата ваква „инвестиција“.

Истражувањата покажуваат дека нашата економија не може да ги покрие трошоците на државата и нејзините институции, па секоја година се замаат кредити и од тој вртлог подоцна тешко ќе се најде излез. Затоа последен момент е да се фокусираме на тоа што го можеме, а не она што го сакаме.

Ова се само неколку примери на размрдување на активностите на оние од кои се очекуваат решенија. Она што јас го извлекувам како заклучок е дека мора да се фокусираме на две точки.

Едната е поголемо производство на енергија и второто е производство на храна.

За првата точка веќе се водат дебати но ние како граѓани и како јавност очекуваме јасни политики за кои ќе се дебатира и ќе се донесат оптимални одлуки. Тоа мора да го направи Владата зошто кај неа е чекмеџето, но иницијативите мора да се од стручната јавност. Не сакам да веруваме дека таква јавност немаме или таа нема смелост да ги провери своите знаења на пазарот на знаење но и одговорност

За производството на храна мора да се заора малку подлабоко, зашто овде причините се и социјални и психолошки и колективно ментални и економски. Од министерството за земјоделие и храна не треба да се очекува премногу, зошто тоа е пример на осакатено министерство со партиски послушнички кадри кои освен партиски активности ништо повеќе не можат да направат.

Земјоделскиот факултет во Штип и деканката Емилија Арсов организираат дебати во разни формати и поводи на кој може да се слушнат свежи идеи за производството на храна. Од нови организациски облици на производителите до воведување на нова технологија и постапки за производство на храна. Предизвиците како резултат на промените на климата можат на почеток да внесат загриженост кај слушателите ама се нудат и решенија.

Да не должам многу  после  принудната пауза што ја направив  во пишувањето. Ова се неколкуте точки за кои ќе се обидам да поттикнам дебата. Ништо не нѝ донесува сивилото, смркнатите лица и ширењето на безнадежноста. Преку глава ми е од колективното самосожалување и негување на пизма и злоба кон се околу нас. Ако и пропаѓаме, да го направиме тоа како достојни личности а не како плачковци. Имаше едена досетка одамна:

„Од што се изгубиле во историјата старите Грци или Латини? Од што ги снема старите Македонци?“

„Од старост“, гласи одговорот.

Шетајќи се низ мојов град, сè повеќе мислам дека не било досетка, туку вистина. Ако не ми верувате, свртете се околу вас и видете кој број на минувачи е најголем. Сé ми се чини од оние кандидатите за изгубување се најбројни.

 


Текстот е личен став на авторот | Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ