• Latest

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026 09:48
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање на предвремени парламентарни избори, во уште еден обид да се надмине долготрајниот политички ќор-сокак што ја држи земјата во нестабилност веќе неколку години.

Ова се осми парламентарни избори за само пет години, јасен показател за длабоката политичка криза и неспособноста на политичките елити да формираат стабилна власт, што секако доведе и до сериозни предизвици за функционирањето на институциите во земјата.

Право на глас имаат околу 6,6 милиони гласачи, кои избираат 240 пратеници меѓу десет коалиции и повеќе од 4.700 кандидати.

Гласачките места се отворија утринава во 7 часот и ќе бидат отворени до 8 навечер, а гласањето се одвива и во државите со бугарска дијаспора.

Овие избори доаѓаат по падот на претходната конзервативна влада, предводена Росен Жељазков за само 13 месеци на власт, кога се соочи со масовни протести поради незадоволството од економските политики и корупцијата.

Бугарија веќе неколку години се врти во круг – влади се формираат тешко, кратко траат и повторно паѓаат, што доведе до длабока недоверба кај граѓаните. Аналитичарите предупредуваат на можноста дека и денешното гласање нема да донесе јасно решение, бидејќи политичкиот систем останува силно фрагментиран и зависи од кревки коалиции.

Главниот фаворит во изборната трка е поранешниот претседател Румен Радев, кој неодамна ја напушти функцијата на која беше речиси два мандати и влезе во политичката арена на чело на новата коалиција, „Прогресивна Бугарија“ составена од три партии и која води во анкетите со 30-35% поддршка.

Радев настапува со силна анти-корупциска реторика, но неговите позиции – особено скептицизмот кон воената помош за Украина и проруската ориентација – предизвикуваат силни поделби кај јавноста и загриженост кај западните партнери.

Негови главни конкуренти се поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата партија ГЕРБ, како и реформската коалиција ПП–ДБ, која се залага за проевропски курс и институционални реформи.

Овие избори се тест за иднината на Бугарија во која граѓаните се надеваат дека земјата конечно ќе добие стабилна влада, но и дека ќе се направи сериозен исчекор во борбата против корупцијата. Но овие избори претставуваат и предизвик за геополитичката ориентација – цврсто во ЕУ и НАТО или приближување кон Москва.

Во деновите пред денешните избори имаше и обвинувања за купување гласови и зголемени обиди за манипулации, што дополнително ја подрива довербата во изборниот процес.

Излезноста се очекува да биде умерена, со оглед на заморот кај гласачите од постојаните избори, но истовремено постои можност за изненадување, односно повисока излезност поради растечката желба за конечно решение.

Џ. Дерала / Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ