• Latest

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026 19:25
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, ЕВРОПА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. Лариса Дир
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Во ноќта од 15 кон 16 април 2026 година РФ изврши масовен напад врз украинските градови со употреба на балистички и крстосувачки ракети и дронови од различни типови.

Под страшни удари повторно се најдоа Кијив, Одеса, Харкив, Днипро, Запорижја, Херсонската област. Овој пат циничната наредба на военото раководство на РФ за употреба на оружје одзеде живот на 17 лица, меѓу кои и дете, додека десетици луѓе добија повреди од различен степен и трауми.

Русите, правејќи залог на војната и вложувајќи големи напори да го скршат отпорот на украинските војници на фронтот, прибегнуваат кон секојдневен воздушен терор врз цивилното население. Особено во ноќните часови руските варвари се обидуваат активно да нанесуваат удари врз станбени згради, со цел да убијат што е можно повеќе луѓе. Армијата на државата-агресор РФ продолжува со тактиката на нанесување двоен удар врз една цел (станбена зграда), кога таму пристигнуваат спасувачи, пожарникари и медицински екипи.

Руската суровост мора да биде казнета, а РФ, која незаконски сè уште го зазема постојаното место во Советот за безбедност на ООН, мора да биде повикана на одговорност.

Оценувајќи го вкупното влијание од целосната инвазија на Руската Федерација врз Украина врз човековите права и заштитата на цивилното население, Мониторинг мисијата на ООН за човекови права во Украина во февруари 2026 година констатираше дека „од почетокот на целосната инвазија на Руската Федерација во февруари 2022 година, за четири години борбени дејствија загинале повеќе од 15.000, а биле ранети повеќе од 41.000 цивилни лица, милиони луѓе биле принудени да се преселат; цивилниот имот и инфраструктурата претрпеле оштетувања и уништување. Во 2025 и 2026 година штетата врз цивилното население значително се зголеми: загинале и биле ранети повеќе цивилни лица отколку во 2023 и 2024 година, а цивилното население низ целата земја се соочи со тешки последици од непрекинати и систематски напади врз енергетската инфраструктура на Украина“.

РФ продолжува да врши злосторства и на привремено окупираните територии на Украина, со што ги крши нормите на хуманитарното право.

По почетокот на целосната инвазија, окупациската власт на РФ ја уништи украинската система на државно управување, локалните администрации, правосудството и ја „укина“ украинската образовна система.

Русите со оружје го донесоа на привремено окупираните територии на Украина „рускиот мир“, воведувајќи руски системи. Како што истакна Мониторинг мисијата на ООН за човекови права, окупациската власт на Руската Федерација на окупираната територија на Украина:

  • целосно ги воведе системите на државно управување, органите на редот, судството, администрацијата и образованието на Руската Федерација;
  • ги принудуваше жителите да добиваат државјанство на Руската Федерација;
  • ги подложуваше жителите на присилна мобилизација и пропаганда со цел вклучување во редовите на Вооружените сили на Руската Федерација;
  • конфискуваше приватна сопственост;
  • ги лишуваше децата од можноста да стекнуваат украинско образование на украински јазик;
  • ги подложуваше децата на руско-патриотско воспитување, милитаризација и пропаганда на војната;
  • присилно ги преместуваше децата во рамките на окупираната територија или ги депортираше во Руската Федерација.

Создавањето на Специјален трибунал за кривично дело агресија против Украина за повикување на одговорност на највисокото политичко и воено раководство на РФ за овој злостор е важен инструмент за обезбедување правда и безбедност.

Договорот меѓу Украина и Советот на Европа за создавање Специјален трибунал за кривично дело агресија против Украина и неговиот Статут е повеќе од обичен меѓународен договор. Тоа е воспоставување одговорност за кремљското раководство за тоа што секојдневно се даваат наредби да се убиваат луѓе.

Украина има поддршка – државите-членки на Советот на Европа (и не само) го поддржуваат започнувањето на работата на Специјалниот трибунал, приклучувајќи се кон Проширениот делумен договор за Управниот комитет на Специјалниот трибунал. Ја цениме позицијата на Република Северна Македонија, која од самиот почеток го поддржа создавањето на Специјалниот трибунал, и се надеваме дека, како членка на Советот на ООН за човекови права, ќе го објави својот намер да се приклучи кон Проширениот делумен договор, како што тоа веќе го направија 20 држави, вклучително и 19 држави-членки на Советот на Европа. Во мај 2026 година овој Договор ќе биде ставен на гласање во Комитетот на министри на Советот на Европа. Ова ќе биде важен настан, бидејќи од времето на Нирнбершкиот процес ова ќе биде прв ваков меѓународен преседан, кој треба да обезбеди неизбежност на казнувањето на раководството на државата-агресор РФ за кривично дело на агресија.

 


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Дозволено е преземање со атрибуција и линк до изворот: CC BY 4.0


Фото извор: Амбасада на Украина во РСМ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ