• Latest

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026 11:00
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Голема делегација, големи зборови и уште поголеми најави – така изгледа дипломатскиот десант на Мицкоски во Виена. Но прашањето е едноставно: што од сето тоа има врска со реалноста?

Целта на дипломатскиот десант на премиерот Христијан Мицкоски и владината делегација во Виена е интензивирање на економската соработка со Австрија и враќање на дијаспората во земјата. Не е познато по кој редослед се наредени приоритетите, но двете идеи, како што ги претставува пи-арот – сведочат за големи амбиции. Тоа е очигледно и од обемот на министерската придружба во чиј состав се вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерката за енергетика Сања Божиновска и министерот за животна средина Муамет Хоџа.

Мицкоски ја дефинира дијаспората како „додадена вредност“ и „нераскинлива алка од нашиот идентитет“. Тој упати јавен повик до македонските иселеници во Австрија да размислат за враќање и вложување на својот капитал и знаење во Македонија. И тврди дека неговата влада работи на создавање на стабилна и предвидлива бизнис-клима за намалување на ризиците за инвеститорите.

Резимирано, премиерот и неговата придружба веруваат дека имаат моќ да ги трансформираат традиционално добрите политички односи во конкретни економски резултати. Тоа е целта на средбата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер. Тука некаде се наоѓа и идејата за организирање на бизнис форум каде ќе се презентираат конкретни деловни проекти пред претставници на стопанските здруженија од двете земји.

Дотука, оваа широко распространета вест во македонската јавност звучи благопријатно. Сепак, оваа реторика не одговара на прашањето колку сето тоа има контакт со реалноста. Дури и да е премиер на Норвешка, прецизниот математичар Мицкоски треба да знае: желбите не се политика. Плановите не се резултати. А времето – токму тоа – го нема. Исто како што државата нема пари да ги задоволи апетитите дури и на само еден мал дел од партиската клиентела, а за апетитите на коалициските партнери и да не говориме.

Успехот на скапата дипломатија на Мицкоски не зависи од бројот на неговите летови, а уште помалку од бројот на позитивни објави во медиумите кои се, патем речено, во криза по изборната катаклизма на Виктор Орбан. Тоа зависи од квалитетот на неговото владеење и капацитетот на институциите, односно од тоа колку и на кој начин се спроведуваат неопходните реформи, ако воопшто се спроведува било што освен приватните агенди на луѓето од власта.

Земјата е закочена во идентитетските „војни“ на Мицкоски и општа несигурност во земјата, што ги исклучува можностите за напредување во процесот на зачленување во ЕУ. Сѐ подлабоката сиромаштија е придружена со назадувањето во владеењето на правото, економската несигурност и блокадата на ЕУ процесот. Долга е листата на „успесите“ на Мицкоски на која секако се наоѓаат здравството и образованието, но и правосудството, општествената кохезија и, да не заборавиме, безбедноста и одбраната. За добрососедските односи и да не говориме. За две години „успеа“ да ги врати „најдобрите години“ на неговиот претходник и ментор, кој деновиве чека поштарот да му донесе абер од новата власт во Унгарија.

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ