• Latest

24 ЧАСА: Почина Навални, „трнот во окото“ на Путин; Бонева ослободена за патарините; Гугл со кампања против дезинформациите во пресрет на европските избори

February 16, 2024

24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

May 21, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за стратешкиот договор со Велика Британија?

May 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

РЕАКЦИИ: Тоа не е војна, геноцид на палестинскиот народ, жално; Геноцид врз цивилно население, глад и убивање на цивили и обид за етничко чистење; Тоа е истребување на еден измачен народ, човештвото го достигна дното

May 21, 2025

Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

May 21, 2025
Украинската амбасадорка Лариса Дир на откривање на скулптурата „Горчливо сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир. Фото: ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Амбасадорката Дир: Овој споменик за Украинците има свето значење, тоа е спомен и оддавање почит на децата и возрасните кои беа погубени со глад во Украина, по јасна наредба од Кремљ

May 21, 2025
Воена вежба. Криволак, 10 март, 2023
фотографија: Ариан Мехмети

Во „Криволак“ војските на седум НАТО држави и две партнерски ќе имаат вежба од 26 мај до 9 јуни

May 21, 2025

По Кошта, в петок Каја Калас доаѓа во Скопје на средба со премиерот Мицкоски

May 21, 2025

Кушч: Одбраната на информативниот простор на Украина е одбрана на демократијата во Европа

May 21, 2025
Градоначалникот Висар Ганиу на поставување на скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“ во Чаир. Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

(ВИДЕО) Ганиу: Да не забораваме, да не бидеме рамнодушни, да бидеме секогаш глас на мирот и чин на совеста

May 21, 2025
фото: скриншот Х, Sulaiman Ahmed

Лекари без граници: Дозволената помош за Газа е „димна завеса“ за да се избегнат обвинувањата за изгладнување

May 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Почина Навални, „трнот во окото“ на Путин; Бонева ослободена за патарините; Гугл со кампања против дезинформациите во пресрет на европските избори

February 16, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Починатиот политичкиот затвореник Навални беше трн во окото на Путин

Затворениот руски опозициски лидер и отворен критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој стана светски познат кога беше отруен со нервен агенс во 2020 година, почина на 47-годишна возраст, соопшти руската затворска служба.

Навални долго време беше трн во окото на претседателот Владимир Путин, откривајќи ја корупцијата на високи места, водејќи кампања против владејачката партија Единствена Русија и организирајќи некои од најголемите антивладини протести видени во последниве години, пишува Си-ен-ен.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Алексеј Навални се бореше за вредностите на слободата и демократијата. За своите идеали, Навални го жртвуваше најскапото. За ЕУ, одговорноста за неговата трагична смрт е целосно на рускиот режим, напиша на социјалната мрежа „Икс“ претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по повод веста за смртта на рускиот опозициски лидер.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДИК Според роковникот објавен од Државната изборна комисија, државјаните кои се на привремена работа или престој во странство можат да се пријавуваат за гласање до 18 март во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.

ПРАВДА Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, која беше обвинета во случајот „Друмарина“, кој се однесуваше на патните трошоци, доби ослободителна пресуда.

ДКСК Новиот седумчлен состав на Антикорупциската комисија, кој на 8 февруари го почна мандатот за 2024-2029, има вкупно 581 предмет кои ќе ги распределат за решавање во претстојниот период. Од нив, 547 се преземени од претходниот состав на ДКСК, а 34 предмети се од 8 до 13 февруари.

КАМПАЊА Гугл наскоро ќе започне кампања против дезинформациите во пет земји-членки на Европската унија, изјавија од компанијата во пресрет на европските избори и новите и построги правила за онлајн содржините.

ЈСП Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Поддршката од САД со оружје и обука за Украина продолжува, од Германија пристигнува воена помош во вредност од 100 милиони евра.

*

Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Берлин потпишаа договор за долгорочни безбедносни обврски.

АЛ-ПРЕС

Во Албанија, се формира федерацијата на здружена опозиција по принципот – различни, но со заедничка цел, за европска Албанија.

Институтот за наука и технологија во Косово денеска  ќе одржи конференција за медиуми, по повод поднесувањето на тужбата и барањето за одложување на извршувањето на Решението на БЈБ, во Стопанскиот суд.

Како што е најавено, на оваа конференција ќе се одразат прекршувањата на Министерството за култура, млади и спорт и на Телото за преглед на набавки, поврзани со тендерот „Изработка на мастер план за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ вреден три милиони евра.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во 2012 година, на 100 годишнината на албанската држава во Скопје дојдоа поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша и поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи и порачаа дека тие ќе бидат „гардиани“ (чувари) на Албанците во земјата. На собирот заедно со нив се обрати и Али Ахмети, претставуван како лидер на Албанците во земјата. Груевски тогаш како премиер, а ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт, молчеа на сметка на партнерот ДУИ. Сега прагматично молчат и за Курти, на сметка на албанската опозиција“, пишува Сефер Тахири во колумната „Изборен двобој меѓу Курти и Рама“.

*

„За разлика од западните држави каде што слободата на изразување е неприкосновена вредност, контролата на информациите и наративите како концепт во Кина нема негативна конотација, туку се перцепира како легитимна алатка за постигнување на општествените цели, информирање и едуцирање на населението. Обединетиот фронт е органот на Кинеската комунистичка партија задолжен за унифицирање на пристапот кон пропагандата и негово интегрирање низ сите општествени полиња, како што се образованието, војската, медиумите, дури и приватниот сектор“, пишува Ана Крстиновска во анализата „Како кинеската пропаганда ја обликува перцепцијата за Кина во светот и кај нас?“.

*

… Мицкоски, секако доколку сака да е премиер што, патем, никогаш нема да биде, ќе треба да проголта не кнедли туку цели жаби, најбргу преку хранопроводот ќе мора да ги протурка и рамката нели бугарска и уставните и барањата на Беса, Алијансата и Алтернатива за компензација на тие 20% со Албанци во уставот и …, ќе мора да проголта и жаби и полжави живи, ќе мора тоа да го стори и за Рамковниот и за Преспанскиот и за Северна и за Бугарскиот и за …, и ќе голта, ќе голта ако сака да е премиер што сè уште му е крајно неизвесно“, пишува Зоран Иванов во колумната „Ќе голта, ќе голта ако сака да е премиер што сè уште му е крајно неизвесно“.

*

„Граѓанското собрание на Европа бара Европската политичка заедница да биде вистински политичка: на секој граѓанин на Европа да му овозможи граѓанство во ЕУ, ЕЕА, или да креира друга форма, согласно премисите на Европската политичка заедница. Само граѓаните, односно Собранието на граѓани на Европа може да даде легитимитет на политичката заедница, а не обратно.

Граѓанското собрание на Европа охрабрува разбирање на регионите според нивната физичка, економска и друга материјална блискост, наместо според технократската логика (на пример, Западен Балкан има помалку смисла отколку Југоисточна Европа и нејзините подрегиони)“, пишува Катерина Колозова во колумната „Формирано Граѓанското собрание на Европа: Европа не е цела ниту во цивилизациска ниту во безбедносна смисла, доколку не е интегрирана“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ