• Latest

Албански медиуми: Формирана е федерација на здружена опозиција во Албанија; тендерот за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ заврши на суд; во Косово отворена изложба на за животот и делото на Адем Демачи

February 16, 2024
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Формирана е федерација на здружена опозиција во Албанија; тендерот за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ заврши на суд; во Косово отворена изложба на за животот и делото на Адем Демачи

February 16, 2024 12:57
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, се формира федерацијата на здружена опозиција по принципот – различни, но со заедничка цел, за европска Албанија.

Институтот за наука и технологија во Косово денеска  ќе одржи конференција за медиуми, по повод поднесувањето на тужбата и барањето за одложување на извршувањето на Решението на БЈБ, во Стопанскиот суд.

Како што е најавено, на оваа конференција ќе се одразат прекршувањата на Министерството за култура, млади и спорт и на Телото за преглед на набавки, поврзани со тендерот „Изработка на мастер план за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ вреден три милиони евра.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Панорама: Формирана е федерација на здружена опозиција

„По спојувањето на двете опозициски групи, Ритемелим  и групата на Газмент Барди, денеска се очекува да биде потпишан договорот со другите опозициски партии за создавање на Обединетата опозициска федерација.

Денешниот договор предвидува институционализација на Федерацијата на здружената опозиција, по принципот „Иако сме различни, имаме заедничка цел, изградба на европска Албанија“, која ги вклучува сите релевантни парламентарни и опозициски политички фактори, кои опозициски однос и соработка, го ценат како обврска а не договор со кој се овластува власта и противуставност.“, пренесе Панорама.

Топ Чанел: Италијанскиот Сенат даде зелено светло со 93 гласа за договорот Рама-Мелони за имигрантите

Сенатот со 93 гласа „за“ и 61 „против“ даде зелено светло на предлог-законот за ратификација на протоколот Италија-Албанија.

Протоколот, силно поддржан од премиерот Џорџија Мелони, како дел од имиграциската политика на десничарската влада, предвидува формирање камп во пристаништето Шенѓин и внатрешен CPR кај Ѓадер, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

Зери: Тендерот од три милиони долари за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ заврши на суд

Тримилионскиот тендер за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ ќе заврши во Комерцијалниот суд,  соопшти Институтот за наука и технологија ИНСИ ДООЕЛ, преку соопштение до медиумите.

ИНСИ денеска  ќе одржи конференција за медиуми, по повод поднесувањето на тужбата и барањето за одложување на извршувањето на Решението на БЈБ, во Стопанскиот суд.

Како што е најавено, на оваа конференција ќе се одразат прекршувањата на Министерството за култура, млади и спорт и на Телото за преглед на набавки, поврзани со тендерот „Изработка на мастер план за меморијалниот комплекс „Адем Јашари“ вреден три милиони евра, пренесе Зери.

Клан Косова: Архивот на Косово отвора изложба посветена на животот и делото на Адем Демачи

Во рамките на одбележувањето на 16-годишнината од независноста, Државната архива на Косово организира изложба со архивски документи „Адем Демачи: Ќе умрам кога сакам“.

Изложбата, која ќе се одржи денеска во Националната библиотека на Косово од 12 часот, ќе биде посветена на животот и делото на дејноста Демачи, пренесе Клан Косова.

КОЛУМНА

Коха: Лакмусов тест на Албин

„Денеска ВВ ја има златната можност да не убеди дека нивната посветеност на интегритетот на институциите била само политички маневар, а не возвишена вредност. КПМ е лакмусов тест на Албин во самите негови зборови: никогаш не е доцна да се посрамотиме.“, пишува авторот  Демуш Шаша во колумната Лакмусов тест на Албин, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ