• Latest
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
фото: ВИ

фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Прва реакција на НАТО членка: Полска собори руски дронови за време на масовен напад врз Украина, додека Путин „го тестира Западот“

Полска потврди дека соборила руски беспилотни летала во својот воздушен простор за време на масовен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта на 10 септември, што се чини дека е прв случај членка на НАТО да ги ангажира средствата на Москва над својата територија за време на војната, пренесува Кијив Индипендент.

Инцидентот се случил додека бранови руски беспилотни летала и ракети беа лансирани низ Украина, првенствено насочени кон централните и западните региони и предизвикувајќи цивилни жртви.

„Синоќа полскиот воздушен простор беше нарушен од огромен број руски беспилотни летала“, рече полскиот премиер Доналд Туск на X, додавајќи дека оние „кои претставуваа директна закана беа соборени“.

Полските власти привремено го затворија главниот аеродром Шопен во Варшава и ја ставија воздушната одбрана на земјата во состојба на висока готовност во текот на ноќта по она што го опишаа како „невидено кршење на полскиот воздушен простор од страна на објекти од типот беспилотни летала“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

Знаеме колку знаеме да бидеме патриоти кога Албанците треба да стават некој споменик, или Бугарите, цела Македонија се крева, тука имаме револуција на изјави, а сега на еден докажан македонски асимилатор српски четник, војвода Вук, спомен плоча му се става и нема никаков проблем.

*

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

Под слоганот „Скопје без поделби, Скопје со љубов“, ќе настапи на овие локални избори првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет.

Тој во разговор за ЦИВИЛ вели дека ќе понуди град во која нема да има никакви поделби, бидејќи сега градот е многу поделен, чисто и уредено Скопје и партнерство со граѓаните, бидејќи граѓанинот е партнер на градот, а не политичка фигура.

Амет вели дека на овој чекор се реши за да покаже дека и Ромите не се оние кои го валкаат градот и дека не се само тие кои ја загрозуваат целата слика на градот.

РЕГИОН

Граничната полиција на БиХ не била информирана за поништувањето на пасошот на Додик

Граничната полиција на Босна и Херцеговина не добила известување од Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина за откажувањето на дипломатскиот пасош на Милорад Додик, откако му беше одземен мандатот како претседател на ентитетот Република Српска, потврди Граничната полиција за Радио Слободна Европа на српски јазик  на 9 септември.

СВЕТ

Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон го назначи министерот за одбрана во заминување Себастијан Лекорну за премиер, давајќи му ја тешката задача да се обиде да најде консензус во поделениот парламент и да го усвои буџетот за 2026 година, пренесува Си-ен-ен.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

Институционалната криза што трае речиси пет месеци  погоди голем број независни институции. Независната комисија за медиуми е едно од телата со нефункционален одбор како резултат на неуспехот да се конституира Собранието, алармираат косовските медиуми.

Претседателот на Владината комисија за исчезнати лица, Андин Хоти, изјави дека локацијата во Кожље кај Нови Пазар, каде што се сомнева дека постои масовна гробница, досега се користела како депонија за ѓубре.

Местото, според Хоти, е една од локациите за кои Работната група за исчезнати лица од војната неколку пати разговарала, заедно со Батајница и Кожарево, за кои Косово постојано барало да започне истражување, објавија косовски медиуми.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали мислите дека со обоените таблички ќе се намали злоупотребата на службените возила?

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Орце Ѓорѓиевски: „Зборот е збор, EXIT во Скопје“ – ЕXIT со демант: „Не се преселуваме во Скопје“

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски го игнорира официјалниот демант на Егзит (ЕXIT) и продолжува со лажните тврдења дека фестивалот во иднина би се организирал во Скопје.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Релативизирањето ги брише жртвите, ја попречува одговорноста и го нормализира злосторството. Тоа е логиката на негирањето на злосторства насекаде во светот каде владеат тираните – од негирање на геноцидите до заговори поврзани со изборите.

Затоа ова е важно. Демократијата живее од плурализмот на идеи, но умира без темелот што го поставуваат фактите. Ако ги третираме фактите како „само уште една перспектива“, тогаш сторителите ќе избегаат од правдата, дезинформациите ќе се шират неконтролирано, а автократите и тираните ќе ја извитоперат историјата“, пишува Џабир Дерала во колумната „Кога вистината станува релативна, пропагандата победува“.

Д. Муратов

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ